Грижа на совеста

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Немам грижа на совест, зашто не се доведувам во ситуации да ја имам. Имам СОВЕСТ, која ја негувам пред било какво делување.

Знам да избрзам некогаш, иако сега многу поретко ( ваљда до годините е :D ), значи да направам постапка која можеби и не е најсоодветна, ама во такви ситуации, кога јас чувствувам дека сум направила грешка знам како и секој нормален човек да го прифатам тоа и да се соочам, а не да се правам на Тошо. Меѓутоа таквите ситуации не ги препишувам баш на грижа на совест, туку на правилно перцепирање на нештата.

Грижа на совест некако ми е дефиниција за делувања кои свесно ги правиш, свесен си дека сјебуваш а сепак не се откажуваш, но на крај сепак не можеш да се справиш со последиците на твојата потсвест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Имам грижа на совест..за многу работи ...од најмали, небитни ситници до некои поголеми дешавки како последица на мојата избувливост и брз јазик кој сега строго го контролирам и се трудам да не дозволам да ги правам истите грешки па често бројам до 100 па и до 1000 ако треба само да не излаам нешто за што подоцна ќе се каам...и немам мир се додека не ја исправам работата...се додека не побарам извинување и прошка неможам да функционирам...ме јаде одвнатре како црв...некогаш има решение за истата и ја спречувам ама некогаш сум немоќна....
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Имам и тоа за некои небитни работи...некогаш со самото тоа што ќе помислам на нешто што не би требало да го направам,ми се појавува грижа на совест!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Kaarikuto

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Имам грижа на совест... не сакам да ја имам ама ете иди сама ко демек ја вика некој....
Често имам па и некогаш за некои не битни банални работи..