Денес, секој може да стане новинар и преведувач, а грешките кои некои од нив ги прават само го уништуваат јазикот. Целта на темава ќе биде да им се покажат грешките и да се поправат истите.
Ај да почнам јас со една статија од веб-локацијата „Црно-бело“. Во овој дел од текстот „Неверојатното богато момче кое се чува за вас и вашата љубов, може да го рецитира Шекспир од срце, свири пијано и ве штити од натприродните сили и суштества, додека заљубено ве гледа како спиете,“ преводот е целосно погрешен. Не може да се рецитира Шекспир од срце ако во оригиналот е "can quote Shakespeare by heart," туку дечкото го знае Шекспир напамет и може да го рецитира, има уште неколку решенија, ама „да го рецитира од срце“ не е во ниту едно од нив.
Ако темава не е за во овој подфорум нека биде преместена, и ако има грешки поправете, затоа што ми е прва тема.
Grammar Nazis обединете се и продолжете понатаму...