Грешки во македонските печатени медиуми и погрешен превод

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Денес, секој може да стане новинар и преведувач, а грешките кои некои од нив ги прават само го уништуваат јазикот. Целта на темава ќе биде да им се покажат грешките и да се поправат истите.

Ај да почнам јас со една статија од веб-локацијата „Црно-бело“. Во овој дел од текстот „Неверојатното богато момче кое се чува за вас и вашата љубов, може да го рецитира Шекспир од срце, свири пијано и ве штити од натприродните сили и суштества, додека заљубено ве гледа како спиете,“ преводот е целосно погрешен. Не може да се рецитира Шекспир од срце ако во оригиналот е "can quote Shakespeare by heart," туку дечкото го знае Шекспир напамет и може да го рецитира, има уште неколку решенија, ама „да го рецитира од срце“ не е во ниту едно од нив.
Ако темава не е за во овој подфорум нека биде преместена, и ако има грешки поправете, затоа што ми е прва тема. :)
Grammar Nazis обединете се и продолжете понатаму...
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Денес, секој може да стане новинар и преведувач.

Сакаше да кажеш секој знае да користи Гугл транслејт :D
Нашите Македонски портали 60-70% се вакви, а може и повеќе, затоа и ретко да отворам некоја статија, не само што не е правилно преведена статијата па и кога ќе видам шират дезинформации. Преведуваат од кај ќе најдат и што ќе им дојде при рака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Искрено на црнобело вакви пропусти се случуваат многу ретко, за разлика од многу поголеми медиуми со огромни новинарски екипи. Така што, ако не наведеш повеќе примери кои многу лесно се наоѓаат, ќе ја сфатам темава како тенденциозна.
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Искрено на црнобело вакви пропусти се случуваат многу ретко, за разлика од многу поголеми медиуми со огромни новинарски екипи. Така што, ако не наведеш повеќе примери кои многу лесно се наоѓаат, ќе ја сфатам темава како тенденциозна.
Не е тенденциозна еве имам уште. Научете се да прифаќате критика, не е злонамерна. Конкретно, таа статија ми беше најсвежа, затоа е прва.
http://www.fakulteti.mk/news/12-07-...lnoto_zatopluvanje_i_klimatskite_promeni.aspx
Деловите: Заклучот е следниов: Поради глобалното затоплување можноста за топлотен бран во текот на годината Ла Ниња е за дваесет пати поголема. - Заклучокот и на „Ла Ниња“ - наводници
Во однос на глобалната просечна температура, минатата година беше настудена во периодот од 2008 година па до оваа година. Но сепак се вбројува меѓу петнаесетте најтопли години одкако се води евиденција за темепературните промени од крајот на 1800 година. - најстудена/ фали запирка меѓу „година“ и „па“
Но во последниве векови една друга сила влијае на климата на земјата- Човештвот. - човештвото
Се очекува дека во иднина ќе се соочуваме со се повисоки температури. - треба да биде се’
Затоплувањето ќе продолжи дури и ако се намали употребата на фосилни горива, бидејќи ситемот на земјата сеуште не се прилагодил на промените во животната средина кои досега сме ги направиле. - се’ уште
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Грешки?Мал е зборот грешки.
Една реченица не знаат да склопат,не знаат да преведат.
А и ние сме си криви читаме што ни сервираат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос and Emma.T

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За правописните грешки кои секому може да му се случат ај прогледувам некако.
За лошиот превод кој пак може да го забележат луѓето, пак некако џвакам со сила.
Најголемиот проблем е добивањето на информации, нивното процесирање и подоцна прикажување на јавноста. Јавноста е слепа или дезориентирана пошто е изманипулирана од ваквите информации кои ги шират оние кои сакаат да владеат со масите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Еднаш гледав филм на Сител ( не можам да се сетам кој филм ) и во еден момент читам отприлика вака : „како битката на сред пат“ и во прв момент се зачудив што сака да каже??? а во следниот момент ми „светна“ дека сака да каже: „како битката на мидвеј“ .... Божееее (facepalm)