Ги оправдувате ли лугето со многу деца кои немаат пари да ги прехранат?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Навидум чувствителна тема...
Насловот се кажува...
Имаат по многу деца, а сепак немаат пари да ги прехранат...Родителите седаат дома,кенкаат дека немаат работа а децата им плачаат за корка леб
Нудат работа за пренесување цигли или пак дрва за сето тоа од 4000 денари а ним им било понижување за толку.
Што мислите вие дали тие луѓе сакаат да работат или се вадаат со тоа дека "нема" работа за нив?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Во светот не постои баланс или е ситуација опишана како во твојот вовед на темата, или пак екстремно богати луѓе без деца па посвојуваат туѓи
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Но дали ги оправдуваш ти Legioner?

Eве на пример...имаше случај со седум деца плус родителите...Таткото си седи дома...Исто и мајката,му нудат работа но тој не прифака...
Сакам да кажам дека праваат деца а не работат за да ги прехранат...
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Кај мене во маало има една фамилија "швеѓани" :) двајца браќа се и имаат 9-10 деца , може и 11 - многу се бе
едниот не знам што работи(ако работи воопшто) само знам дека најголем клошар е, има 6 деца, сите му се женски, вампир стар и уште ке правел, додека не направел машко (facepalm) како се прехрануваат немам појма и не ме интересира , дека човекот е ужас, со никого не комуницира ... му викаш добар ден, одма мрчи нешто (како што се мрчаторите во нашиов форум, се нешто им смета) :)

Другиов знам работи во комунална хигиена, испод 20 000 ден не е месечно, едниот син му работи, дугите два сина греф божји се, а ќерка му, ахх ќерка му :sreken само загинатите во Виетнам не ја ... знаат .(think) Мислам уште една ќерка има, не сум сигурен .

Јас сум за такво богатство ( да имам 3-4-5-6 100 деца, обожавам деца) ама под услов буквално на секое да можам да му овозможам се што ке посака (во нормални граници) од облека, јадење и шетање, до највисоко образование...Мислам дека тоа е обврска на еден родител, ако грешам, гајле ми е, знам дека јас по овој принцип ке живеам :) Ако немам доволно, тогаш ке се потрудам тоа едно што ке го имам , да биде задоволно ...
За едно знам дека многу е полесно да се снајдеш .


Родителите седаат дома,кенкаат дека немаат работа а децата им плачаат за корка леб

За секого има работа сегде, ама пари нема за сите ...
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Ни најмалку не ги оправдувам.
Во ред, сите сакаме деца како што викат родителите најголемо богатство се, ама едно до две океј, ама да ги направиш 5-6 епа каде бе. Ајде нека се и толку ама да има финасии да ги издржува, а не само секоја година деца прави, а не работи ништо после државата му е крива. Најлесно е да ги направиш можеш и 10 да ги имаш.
Не што не ги оправдувам туку и неможам да ги разберам зошто толку прават баш вакви случаеви кои се економски слаби, а прави цел фудбалски тим.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Но дали ги оправдуваш ти Legioner?

Eве на пример...имаше случај со седум деца плус родителите...Таткото си седи дома...Исто и мајката,му нудат работа но тој не прифака...
Сакам да кажам дека праваат деца а не работат за да ги прехранат...

не е мое да им судам тоа само бог може да го прави, секој поединец индивидуа си е одговорна за своите постапки.
Јас имама комшија малу постар од мене има 2 деца не работи и не сака да работи (негов проблем -не е мој ) ако му е добро така нека си живее
сепак на крај самата мака те тера да правиш многу работи
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Не можеш да кажеме дека не ги оправдуваме.
Можеби кога правеле деца, биле среќни и имале од што да живеат, имале за леб како што се вели, но сега можеби пропаднале, сите не мислат на иднината и сите немаме исти ставови, некој живее сегашности и користи максимално, некој се штети за иднина и така.
И за оправдување и за НЕ се, незнам не би се одлучил, нели се доволни 2-3 деца да ти шеткаат дома, туку направил 7, е како да го оправдам? А другиот став го кажав меѓу првите реченици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Прилично комплексна тема за да дадеш свој став околу овој проблем ...незнам дали би ги оправдала или не. Многудетно семејство било многу типично за нашите простори порано, сега ми се чини дека тоа не е баш така освен во ромската и албанската заедница. Не верувам дека порано имале подобри услови и биле побогати , но некако успеале да ги изгледаат децата...од друга страна во минатото , богатите имале најчесто по едно дете (единец) а сиромасите полна куќа деца за да рмбаат по нивите....каков живот имале тие деца незнам, веројатно многу потежок и потрошен од оние кои биле единствено дете и кои најчесто уживале удобна живеачка, се школувале и станале феудалци како нивните родители...и нивните деца исто така ...од друга страна сиромасите кај немале ништо освен за леб таму и 5 деца кои тешко успевале да се изборат за подобар живот. Дали на некому да му се препише вината за нечиј живот или неживот условно кажано ...оти не е само да го родиш, и веќе таа ''роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште '' некако не поминува . Лично за себе само ми одговорила дека не би се одлучила да створам живи единки а утре да ги пикнам у некоја дупка и да им подарам мизерија...не е само да дариш живот ...тој живот зависи од многу работи, тој развој на една нормална, здрава индивиуда во општеството е многу битен и зависи од многу фактори ..не велам јас да уживаш луксузи...оние достоинствени солидни услови за живот во кои што секој еден би успеал да има добар раст и развој.
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Се знае кај нас кој прави многу деца, кажаа погоре-ромите и албанците, и што ќе му ја мислам јас за нив дали имаат или немаат да ги пораснат, воопшто како ги одгледуваат. Нит ги осудувам нит навивам за нив, дали работеле или легачеле по дома ич не сакам да ги мислам.
Се секирам за сличните на мене, кои не се сигурни дали во иднина и за тоа едно или две ќе имаат како што се надевале.
Бидејќи чувството на немоќ, па ако сакате и осудата од другите е иста ако не можеш да ги истераш на пат твоите деца, дали е едно или се три, десет...небитно.
Но дека треба да се прават калкулации, секако да. Е сега ако успат ни се пореметат пресметките...јеби га, живот.