Гасење на Фејсбук профил

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Многу длабока и трогателна приказна напишал овој Огнен за ФБ (апстиненција, сфаќање, реалност), што за момент се двоумев дали стварно е напишано за социјална мрежа или за раскин на врска. :D
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Такво виртуелно самоубиство не планирам да правам, пошто за да треба да го деактивирам, треба да сум толку опседната со него, што тоа ќе ми биде спас, решение за да видам малце сончев зрак и малце да поживеам.
Не, немам потреба да го деактивирам, не ми е проблем никаков што го имам. Го отварам на кратко, некогаш и играм и прикачувам по некоја слика, но со усул. Имам и живот подалеку од екранот и фб си го гледам едиснтвено само како една помошна алатка за убивање досада.
И тие што одвоиле толку време и нерви да ви објаснуваат колку сте вие опседнати со фб-кот, кои се фазите, симптомите и спасот, не можат да го знаат тоа, ако нели не биле 24/7 на лице место...
Не мора деактивирање, само малце повеќе дружење со една друга социјална мрежа која се вика НАДВОР!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
ај аирлија да е од денес па натака ;) трајно го бришам мојот профил на фб
чекам уште 13 дена до дефинитивното затварање на профилот
оваа тема е за идни вакви паметни потези во животот да се евидентираат на оваа тема
сепак реално дружење е незаменливо
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Јас па мислам оној кој го брише профилот, најчесто го прави тоа од лична сатисфакција за внимание. Во принцип не постои целосно бришење од социјалните мрежи, но постои личен избор да се биде неактивен на истите. Само колку е да се има воља за тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Legioner

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Повторно го затвораш? Пак доколку се решиш да си го повратиш стариот или пак да отвориш нов, и повторно се решиш да го затвориш, ќе не обавестиш преку нова тема? Тоа е едно од проклетствата на фејсбук, де се решава човек да го деактивира профилот, де се решава да го оживее.
s324.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
da ostanuvam i ponataka na crnobelo :) sepak fb sto velis e nekoj reklama za sebe ovde bar sme site prirodni onaka
i sto e njavazno ne glumime ludilo na zapad fb se otvara na sekoj vtor mesec ednas ili 3 pati vo godinata samo nie kako posledna supacina otvarame sekoj den (patem se izvinuvam ama morav da go upotrebam vojo zbor
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Повторно го затвораш? Пак доколку се решиш да си го повратиш стариот или пак да отвориш нов, и повторно се решиш да го затвориш, ќе не обавестиш преку нова тема? Тоа е едно од проклетствата на фејсбук, де се решава човек да го деактивира профилот, де се решава да го оживее.
s324.gif

Знаеш шо сакам еднаш да напраи ФБ? Да ги заебе со финтата „пу-пу не важи“ баш кога ќе пробаат да го оживеат профилот. Така ем ќе ги тргнат оние досадните кои си прават константно виртуелно „самоубиство“ ем ним ќе им направат услуга да не ја прават истата глупост континуирано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
А ти требаат 14 дена да заборавиш дека си имал фб... не ја гледам поентата во бришењето на било што, од фб, форум профили, мејлови... едноставно ако не сакаш да го користиш само не се логирај и здравје, до тебе е (не ти ами до секој индивидуално) да ако сакаш да напуштиш нешто едноставно да не се враќаш таму...

Профил на фб ти е како именик во мобилен, не го користи ако не ти треба, ако ги памтиш броевите на пријателите/роднините/познаниците никој не те принудува да отвориш да бараш по име, сега ако ти си зависен од него е твој проблем не проблем на фб...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Saladin

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Веќе имаш една тема за бришење профил на фб.

Мене не ми е јасно каква е таа потреба кога некој си брише профил од социјална мрежа мора предходно да го најави, ко божем кој знае што направил. Дали очекува да го молат да остане на мрежата, или пак треба да ракоплескаме на "храброста".