Се активира вулканот Попокатепетл во Мексико
16 мај 2013 - Од мексиканскиот вулкан Попокатепетл се издига четири километри висок столб од чад, а од кратерот излегува жешка пепел која дсоега прекри три околни села, соопшти Националниот центар за справување со катастрофи. Од неделата во регионот е во сила жолто ниво на тревога, што е еден степен пред евакуација на населението.
Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа на 5,452 метри надморска височина и на 55 километри од главниот град на Мексико, е активен веќе втора недела. Во реонот во радиус од 12 километри е зголемена контролата на патиштата кон вулканот, а системот за воздушна навигација е во состојба на тревога.
Доколку активноста на вулканот се зголеми, околу 3.000 лица од околните региони ќе бидат евакуирани, соопшти Цивилната заштита.