Вулкани

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Што се вулкани?

Вулканите се конусни возвишенија во висина на ридови или планини, на чии врвови се наоѓаат вдлабнатини како инки- кратери. При активирање или ерупција околу нив се јавува тн. зона на тишината.

Низ каналите со кои се поврзани со длабочината на Земјата, од тие возвишенија постојано избиваат врели гасови и водена пареа, а повремено и магма, пепел и парчиња цврсти карпи. Ерупцијата е предизвикана од високи температури и исфрлање на гасови, пепел и лава од Земјината внатрешност.

Вулканските конуси се создаваат со натрупување и ладење на лава и вулканска пепел околу кратерот. Највисоки се на вулканот на индонезискиот остров Јава, Мауна Лоа (Хаваи)- 8.818 м (под вода 4.650м), активен, Килиманџаро (Африка)- 5.895 м, угасен, Данавенд (Иран)- 5.670 м, угасен, Попокатепетл (Мексико)- 5.452 м, угасен, Кенија (Африка)- 5.200 м, угасен, Арарат (Турција)- 5.165 м, угасен, Клучевскаја Сопка (Камчатка) - 4.800 м, активен.

Утврдено е дека појавната форма на вулканот зависи од повеќе фактори, а еден од нив е киселоста на магмата. Имено, доколку е таа со силициум (Si) повеќе од 63%, станува збор за кисела магма. Таа е најопасна оти има голема вискозност и се стреми да ги зароби гасовите што се присутни, а што потоа предизвикува да еруптира под исклучително високи притисоци и доаѓа до создавање на стратовулкан. Последиците од ваквата ерупција се катастрофални. Доколку магмата содржи 52-63% силициум, лавата е интермедијарна. Таа обично се јавува над зоната на субдукција. Доколку содржи помеѓу 52% и 45% силициум, тоа е базична лава. Содржи зголемен процент на магнезиум (Mg) и железо (Fe), па е со многу помала вискозност од киселата, а зависи од температурата. Поретко се јавуваат магми со помалку од 45% силициум и се викаат ултрабазични.

Помеѓу најголемите вулкани на светот се Цимборасо во Јужна Америка, Килиманџаро во Кенија, Казбек во Кавказ. Нивната височина достигнува и до 5.000., па и до 6.000 метри, а пречникот на кратерот може да биде и до 20 км.

Застрашувачката експлозија и спектакуларните изливи на врела лава од внатрешноста на Земјата ги прават вулканите природни појави кои лошо информираниот човек најмалку ги разбира, а од кои најмногу се плаши. Вулканите предизвикувале катастрофи во кои страдале стари цивилизации и современи култури, но вулканските ерупции во поновата историја сепак предизвикале помалку жртви од земјотресите и ураганите.

Помеѓу значајните вулкански ерупции се оние на Везув, на пладне на 24. август 79. година, кога е уништена Помпеја и притоа умреле околу 20.000 луѓе; ерупцијата на Тамборо (Суматра) во 1815., кога целосно било затрупано Сумбаву, гратче со 14.000 жители (до нејзиното избувнување ппанината Тамборо била висока околу 4.000 метри, а денес е само 2.850 м.); потоа на вулканот Кракатау (Индонезија), една од најстраотните ерупции- во 1883. буквално експлодирал и разнел две третини од островот, притоа формирајќи депресија со длабочина од 300 метри, а звукот што го произвела експлозијата го слушнале дванаесеттина од Земјината топка, што е инаку најсилен звук кога било произведен на Земјата (притоа страдале над 40.000 луѓе).

Неколку минути по ерупцијата на вулканот Маунт Сент Хеленс во САД, во пролеттта 1980., луѓето кои стотици километри биле оддалечени од него ги доживеале звуците на ерупцијата како куќите да им биле удрени со голем дрвен чекан.

Од друга страна, луѓето кои се наоѓале во кругот оддалечен помалку од 300 км од местото на ерупцијата изјавувале дека воопшто не ја чуле, а оние, пак, кои како најблиски, на сенасе 15 км од кратерот, ги преживеале потресот и ерупцијата изјавувале дека околу нив владеел целосен мир и тишина.

Непосредно по ерупцијата на овој вулкан Џон Дјуи, физичар од универзитетот Викторија во Британска Колумбија, преку радиото, телевизијата и весниците го замолил населението во регионот на пацифичкиот северозападен брег и на западна Канада да му одговорат како ја доживеале ерупцијата на овој вулкан. Набрзо како одговор добил повеќе од 4.000 писма и врз нивна основа изработил детална карта на простирањето на звукот.

Од картата Дјуи заклучил дека до местата во кои ерупцијата се слушнала звукот стасал за околу 30% подоцна отколку да патувал низ земјата, како што тоа се случува при земјотрес.

Како причина за оваа појава Дјуи утврдил дека атмосферата над вулканот Маунт Сент Хеленс предизвикала звучните бранови од ерупцијата да патуваат низ воздухот по крива линија, и тоа прво во височина, потоа хоризонтално да се шират подалеку од вулканот и најпосле да се свртат надолу и до земјата да допрат на поголема оддалеченост од него.

Со оглед на тоа што воздухот во долните слоеви околу виулканот бил потопол од оној неспоредно над него, звучните бранови од ерупцијата брзо се искачиле во воздухот,оставајќи така во посредната и нешто подалечна околина околу вулканот тн. „зона на тишината“.

Еве една ерупција на вулкан.

tempx2_hawaii_ausbruch_g.jpg
 
  • Like
Реакции: emzzy

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Планината Етна е стромболијански вулкан на источниот брег на Сицилија. Висока е 3.329 метри, но нејзината висина се намалува со зголемувањето на ерупциите. Два пати поголем од Везув, Етна е најголемиот активен вулкан во Европа.
На 25 ноември 2002 година, река од жешка лава се закануваше да ги покрие туристичките места во јужниот дел на планината Етна. Вулканот се активираше после 5 земјотреси кои го потресоа јужниот дел на Сицилија.
Истата година беше забележана уште една ерупција на Етна во близина на Катанија, на 31 октомври. Во раните утрински часови, на 14 септември 2004 година, се отвори нова пукнатина на вулканот Етна која испушташе лава и пепел.

Една од најспектакуларните ерупции на Етна се случи на 1 март 2005 година. Уште една спектакуларна ерупција на Етна имаше на 21 јули 2006 година, кога вулканот започна да испушта лава уште во раните утрински часови. На 6 јануари беше забележана првата ерупција на вулканот Етна оваа година. На 5 јануари топла пепел го исполни небото над Сицилија, а веќе наредниот ден вулканот повторно се активира.

Следната ерупција на Етна беше на 9 февруари 2012 година. Уште една ерупција на највисокот вулкан во Европа беше забележана на 18 март 2012 година. Последната ерупција на Етна се случи на 1 април 2012 година.

4-Spektakularnite-erupcii-na-vulkanot-Etna.www_.kafepauza.mk_.jpg6-Spektakularnite-erupcii-na-vulkanot-Etna.www_.kafepauza.mk_.jpg11-Spektakularnite-erupcii-na-vulkanot-Etna.www_.kafepauza.mk_.jpg12-Spektakularnite-erupcii-na-vulkanot-Etna.www_.kafepauza.mk_.jpg
 
  • Like
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Без грижи, кај нас нема активни вулкани. :giggle И немора да го гледаме кај нас ова како на сликите.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
куде нас има мртфи вулкани, тоес у куманофско има, куде друара ми на викендицу : )
2516582.jpg
 
  • Like
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
10 најкатастрофални вукански ерупции во историјата


Вулканските ерупции често се фасцинантни глетки, но понекогаш и навистина застрашувачки. Иако најголем дел од ерупциите се релативно мирни и со мали штети по населението и нивните имоти, сепак во последните 2000 години се забележани десетина навистина катастрофални ерупции со повеќе од 3000 жртви. Тие се:


1. Тамбора
Тамбора е вулкан кој што се наоѓа на Самбава, еден од малите Сундски острови во Индонезија. Ерупцијата на Тамбора во 1815 година била најсилната ерупција забележана во поновата историја на Земјата. Во текот на ерупцијата бил исфрлен вулкански материјал од 150 кмкубни, а при тоа се создала калдера широка 6 км и длабока 1250 м. Пирокластичните маси усмртиле 92 000 луѓе. Исфрлањето на енормни количини прав и гасови во атмосферата, предизвикало краткотрајни глобални климатски промени.

2. Каракатау
Каракатау е вулкански остров кој се наоѓа помеѓу Јава и Суматра во Индонезија. Ерупцијата на овој вулкан во 1883 година е една од најексплозивните во поновата историја. Громогласната експлозја била слушната дури до Филипините. Пепелта од експлозијата паднала на површина од 800.000 км кв. Оваа историска екслозија создала и цунами од кој што загинале 36.417 луѓе на блиските острови.

3.Мон Пеле
Монт Пеле се наоѓа на островот Мартиник. Овој вулкан во 1902 година ја имал својата најголема ерупција, која воедно е една од најсмртните ерупции во историјата при која загинале 29 025 луѓе и биле уништени огромен број имоти.

4.Невадо Дел Руиз
Невадо Дел Руиз е дел од вулканскиот појас на Андите во Колумбија. Неговата ерупција во 1985 година преставува една од најстрашните и најкатастрофалните, при која животот го загубиле 25 000 луѓе. Инаку, овој вулкан има височина од околу 5400 метри.

5.Унзен
Унзен преставува активна вулканска група од неколку стратовулкани кои се наогаат во Шимабара источно од Нагасаки во Јапонија. Овој вулкан е еден од најсмртоносните вулкани, каде што од неколкуте кратери се излеала голема количина лава. По ова следувало и цунами со што имало дури 14 300 човечки жртви. Ова е најголемата катастрофа во Јапонија од вулкански карактер.


6. Лаки
Лаки преставува вулканска пукнатина која се наога на Исланд и која создала страшна вулканска ерупција, можеби една од најкатастрофалните во поновата Земјина историја. Ерупцијата траела 8 месеци во период од 1783-1784 година и довела до 9350 човечки жртви само на Исланд, а се претпоставува дека директно или индиректно, на глобално ниво загинале повеќе од 2 милиони луѓе. Тоа од причина што глобалната температура драстично опаднала поради сулфурниот диоксид раширен низ северната хемисфера, што пак предизвикало неуспешни жетви низ Европа, суша во Индија и глад во Јапонија.

7. Клеуд
Клеуд е вулкан кој што се наоѓа на островот Јава, Индонезија. За овој вулкан има податоци дека ерупштирал повеќе од 30 пати од кој сите биле големи ерупции. Ерупцијата во 1919 година е неговата најкатастрофална ерупција кога загинале 5110 лица. Познат е по повеќе различни имиња како што се Клут, Клет и Келут.

8.Галунгунг
Галунгунг е активен стратовулкан во Западна Јава, Индонезија. Ерупцијата која ја имал во 1882 година предизвикала 4011 човечки жртви и многу уништени села. Поради тоа, ерупцијата на овој вулкан е категоризиран во 10-те најкатастрофални.

9. Везув во 1631 година
Везув е активен вулкан кој се наоѓа 12 км источно од Неапол, во југозападна Италија. Везув често ги повторува своите ерипции. Во 1631 година имал катастрофална ерупција која предизвикала 3500 човечки жртви, при што сите околни населби биле уништени. И покрај многубројните ерупции населените места во подножјето на Везув, денес се густо населени.

1
10. Везув во 79 година
Везув исто така е познат по ерупцијата во 79-та година кога целосно биле уништени Помпеја и Херкуланум. Повекето жртви загинале ненадејно, од загушување при надоаѓањето на густите пирокластични облаци со висока температура. Оваа ерупција однела 3360 човечки животи. Археолошките ископувања обезбедиле значајни историски подтоци за ерупцијата.
 
  • Like
Реакции: VULKAN-PEPEL

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,657
5,733
1,153
10 најопасни и најголеми вулкани во светот

10. Mount Pinatubo, Philippines

Имаше ерупција во 1991 и загинаа 800 луѓе, а 100 000 останаа без домови.
9. Nevada del Ruiz, Columbia

На 13 ноември 1985 заради ерупција на вулканот загинаа 23 000 луѓе.
8. Mount St. Helens, Washington

Имаше ерупција на 18 мај 1980 и најмалку 80 луѓе загинаа.
7. Paricutin, Mexico

Во 1943 во ерупцијата загинаа само 3 луѓе.
6. Mount Pelee, Martinique

Останати само 2 живи во градот каде е вулканот, кој имаше ерупција на 8 мај 1902, а загинаа 2900 луѓе.
5. Mount Krakatau, Indonesia

Загинаа 36 000 луѓе во ерупцијата на 27 август 1883.
4. Mount Tambora, Indonesia

Имаше ерупција на 10 ноември 1815и загинаа најмалку 92 000луѓе.
3. Mount Vesuvius, Italy

Имал ерупција 79 п.е.
2. Mount Etna, Sicily

Тој е најголемиот активен вулкан, последен пат имаше ерупција во декември во 1991.
1. Mount Mazama, Crater Lake, Oregon

Имаше ерупција во 1902.