Дали сме сите во душа оние деца кои бевме,сега прекриени со маска наречена години која бара промени!??Можеме ли да речеме дека пораснавме,станавме возрасни личности а чувствуваме дека длабоко во нас чучи мало дете??Некои велат дека вечито дете е божја радост.Интернетов па ете и на форумов многу убаво се гледа,добар показател ни е дека сакаме да играме,сакаме да се забавуваме,да олабавиме кочници,да се рчнеме,караме, да се натпреваруваме,да се пожалиме,да се фалиме.........љубоморни сме ако комшијата има нова голема кола,другарката нови чевли итд итд..Мислам дека сите сме деца кои стануваат возрасни само во физички поглед и конституален...старееме.се дебелееме....Има ли дефиниција за возрасен човек-пристојна комуникација,свесна автоконтрола на сите полиња на агресија и во меѓучовечки односи?Во мене го чувствувам тоа дете кое сака да скока, да се забавува, да се смее...но морам да го потиснувам понекогаш а тоа станува побунтовно и понемирно
Дали и во Вас длабоко во вашата душа чучи мало дете?
