Дошле доктор и полицаец на увид на место на несреќата каде што имало многу повредени и мртви.
Докторот прегледувал: „Овој е мртов. И овој е мртов. И овој ми личи мртов...“
Одеднаш последниот залелекал, ја подигнал главата и рекол: „Еј, јас сум жив!“
На тоа полицаецот со пендрек го удрил по глава: „Ма, види го ти него?! Зарем ти знаеш подобро од докторот!“