Кога срцата се близу едно до друго и се топли понекогаш воопшто нема потреба од зборови, ниту гласни, ниту тивки.Има едно интересно објаснување дека луѓето кога се караат, викаат силно оти срцата им се ладат и се оддалечуваат еден од друг,настапува гневот и поради таа далечина они викаат посилно, а затоа пак кај заљубените на пр.срцата им се топли и блиску едно до друго и тие говорат тивко.Колку паровите се позаљубени еден во друг говорат потивко ,шепотат![]()
Кога срцата се далеку и ладни, ниту најсилното викање не допира...
Во една книга прочитав: ,,Секоја лутина е само молба за љубов'' и потполно се согласувам. Секое викање е обид да се биде поблиску до срцата околу нас.
Понекогаш знае да ми се собере од се по малку и да му се изнавикам на оној кој е најблиску до мене, но имам среќа што тој ме разбира и знае дека викам за да се празнам. Срцата ни се доволно блиску за да знае дека во таквото викање нема гнев, туку потреба за блискост, внимание, разбирање и љубов. Најчесто се се решава со топла прегратка.