Приметувам во последно време дека нервниов систем ми е ептем истанчен и фитилот скратен па брзо пламнувам,се карам,знам и да врескам,урлам и да се дерам, значи почнувам со комуникација на повисок тон а знам да завршам ко оперска певаљка.Некои велат дека колку е човек покултурен и образован толку говорот му е потивок.Јас по нивното мислење излегов и некултурна и необразована.Дали и вам ви се случило да се карате, да викате гласно или просто кажано да се дерете!?Што ги тера луѓето ва таква вербална комуникација,вентилираат емоции,сакаат да се докажат, да влеат страв кон соговорникот,да си дадат значење сами на себе,примитивци или .....