Викање-урлање-дерење

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Има едно интересно објаснување дека луѓето кога се караат, викаат силно оти срцата им се ладат и се оддалечуваат еден од друг,настапува гневот и поради таа далечина они викаат посилно, а затоа пак кај заљубените на пр.срцата им се топли и блиску едно до друго и тие говорат тивко.Колку паровите се позаљубени еден во друг говорат потивко ,шепотат(inlove)
Кога срцата се близу едно до друго и се топли понекогаш воопшто нема потреба од зборови, ниту гласни, ниту тивки.
Кога срцата се далеку и ладни, ниту најсилното викање не допира...
Во една книга прочитав: ,,Секоја лутина е само молба за љубов'' и потполно се согласувам. Секое викање е обид да се биде поблиску до срцата околу нас.

Понекогаш знае да ми се собере од се по малку и да му се изнавикам на оној кој е најблиску до мене, но имам среќа што тој ме разбира и знае дека викам за да се празнам. Срцата ни се доволно блиску за да знае дека во таквото викање нема гнев, туку потреба за блискост, внимание, разбирање и љубов. Најчесто се се решава со топла прегратка.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Човечки е да толерираме а и најдобро е ако знаеме да ја контролираме својата агресивност. Агресивност како агресивност е урлањето викањето односно повишениот тон
Е сеа на сите не ни е ист фитилот некој е научен повеќе да толерира некој не. Тој што не е, лесно потпаѓа на провокација и станува агресивен
за мене можам да кажам дека иам некој среден фитил затоа што се си има свои граници така и толерирањето. Толерирам додека не дојдам во ситуација некој да ме понижи а ако се случи тоа не само што ќе викам туку и ќе вратам со полоша мера
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Приметувам во последно време дека нервниов систем ми е ептем истанчен и фитилот скратен па брзо пламнувам,се карам,знам и да врескам,урлам и да се дерам, значи почнувам со комуникација на повисок тон а знам да завршам ко оперска певаљка.Некои велат дека колку е човек покултурен и образован толку говорот му е потивок.Јас по нивното мислење излегов и некултурна и необразована.Дали и вам ви се случило да се карате, да викате гласно или просто кажано да се дерете!?Што ги тера луѓето ва таква вербална комуникација,вентилираат емоции,сакаат да се докажат, да влеат страв кон соговорникот,да си дадат значење сами на себе,примитивци или .....
Незнам дали постои човеκ што не дошол во ситуација да "еκсплодиρа"и да почне да виκа и еве уρла,од најρазлични пρичини,иначе фитилот знае на сеκого да му се запали,ρазлиκата е во должината на истиот,неκои имаат многу κρатоκ,а неκои подолг,и се зависи κоја е пρичината,еве да κажа мене најлесно ми се пали фитилот κога чеκам неκого,да ми се јави или да дојде,тогаш е можно да се појави овој феномен на виκање и уρлање,а пρашањето беше зошто моρа да се виκа и уρла...епа највеρоватно аκо виκаме на цел глас,бесот побρгу поминува.Еве и топлите и заљубени сρца знаат да збеснат и ..........:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Викање-урлање-дерење е животински нагон за покажување сила,надмоѓност кон некој што ја прегазил црвената линија,со цел да се заштити себеси(како праведен),домот и семејството.
Во повеќе случаеви тоа е копирање од општествените и семејните случувања при што црвените линии се втемелени и секое нивно пречекорување од страна на друг се појавува тој одбрамбен механизам.

Ако може при тоа спојување на жичките да се контролира тој нагон, тоа е веќе човечки инстинкт кој многу малку може да се научи од општествените и семејните традиции.

Едно е да се контролира,а друго е да се потиснува,ова второто е полошо.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мене карање и дерење ме асоцираат на простилак.На некој кој нема контрола над самиот себе,некој кој нема друг излез и се чувствува немоќен па подигајќи го гласот очекува внимание.
Избегнувам такви ситуации.
Понекогаш ми се случува син ми са ме доведе до 360 степени(најчесто е тоа син ми кој ме доведува до тој степен).
Во себе чувствувам немир и потреба да се издерам.
Меѓутоа не го правам тоа.
Вдишувам повеќепати длабоко и го снижувам тонот на гласот.Така се смирувам или приземјувам не дозволувајќи емоциите да владеат со мене.
Син ми па додека види дека вдишувам го променува однесувањето,знаејќи дека ги поминува границите(дури и смешно му е) хихи.
Поефикасно е него дерење.
Воопшто немам респект кон луѓе кои се дерат.Биле тоа шефови,партнер или било кој.
Тоа само ми покажува колку се мали луѓето во тој момент.