Видеа и слики од егзотични дестинации

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Кој не би сакал да го почувствува допирот на Индонезија? За момент да се најде на хедонистичките предели… Кој не би посакал да ги открие мистериите на Бали – совршеното парче рај во Индонезија кое постои за да Ве опушти …
Бали е остров во Индонезија кој се наоѓа помеѓу островите Јава на Запад и Ломбока на Исток. Една од 33те провинции во Индонезија. Поголемиот дел од жителите на островот го сочинуваат индонезиските хиндуисти, кои инаку претставуваат малцинство во државата…
Бали, денес претставува популарна туристичка дестинација. Остров, кој освен што има извонредна убавина, е богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук…
Предел, кој ја заслужува посетата на сите љубители на необичното, сонувачи на мистичното…
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Бали е едно од 17.508 –те острови кои го чинат архипелагот на Индонезија. Остров каде штоприродата несебично подарила разновидна и бујна вегетација, оризови полиња,вулкани и планини, бели песочни плажи, а како круна на сето тоа е народот на Бали, кој воодушевува со гостопримливост, култура и постојана насмевкана нивните лица. Со еден збор: Бали е рај на земјата!

300px-Bali_Labeled.png
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Бермудите се архипелаг во Атланскиот океан, острови, познати по Бермудскиот триаголник. На подрачјето на овој остров, наводно се случува да исчезне брод или авион, но и покрај ова, истиот привлекува повеќе од половина милион туристи годишно…

Бермудите се прекуморско подрачје на Обединетото Кралство. На површина од 53,3 километри квадратни, се наоѓаат 138 острови. На најголемиот од нив, се наоѓа главниот град, Хамилтон.



Бројни атракции и историски знаменитости кои можат да се видат се: Бермудската катедрала, тврдината „ Форт Хамилтон “, зградите изградени во викторијански стил, историско – општествениот музеј…

Истовремено, Бермудите се една од најскапите држави во светот. И покрај тоа, ова место е посетено во огромни размери. Климата е суптропска, а морето пријатно за бањање во текот на целата година. Летото на Бермудските острови трае од Април до Ноември…

1-11-660x481.jpg1-14-660x437.jpg1-34-660x495.jpg1-43-660x396.jpg1-52-660x439.jpg1-53-660x433.jpg1-64-660x495.jpg1-73-660x495.jpg1-93-660x495.jpg1-102-660x440.jpg
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Оваа рајска плажа која е долга околу 7 километри е една од најубавите во светот. Се наоѓа на островот Whitesunday кој е најголем од вкупно 74 острови на површината на Queensland во Австралија. Со песок бел како снег и убави тиркизни води, таа е најфотографираната плажа во Австралија. Плажата е позната и по својот залив “Hill Inlet” каде што на зајдисонце песокот и водата се обојуваат во прекрасни виолетови бои. “Белиот рај” плажата е назначена за една од најчистите светски плажи. Песокот на плажата е 98% чист сицилиум диоксид кој е одговорен за чисто белата боја. Јас сакам да одаммм тамууу :place
cooleria.jpg

beliotraj1.jpg

beliotraj3.jpg

beliotraj4.jpg

beliotraj5.jpg

beliotraj6.jpg

beliotraj7.jpg

beliotraj8.jpg



beliotraj9.jpg

cooleria.jpg