Вештачка интелигенција

D2M2m.f

Истакнат Член
4 август 2015
7
0
101
Откако потрошив дури 2 минути за да се уверам дека нема ваква тема на форумов (барем според резултатите од пребарувањето), решив да отворам една, чисто за да ги видам вашите мислења околу темава.

Идејата за создавање на интелигентни машини(роботи)се јавува главно во литературни дела уште од првата половина на XX век. Дури од неодамна се постигнати некои позначајни (барем за научниците) резултати во оваа област. Нивна главна цел, нели, би било создавање на машини кои би биле целосно способни да размислуваат, па дури и да личат на нас, луѓето (андроиди) но сепак да му служат на човекот, на овој или оној начин.
Епа тоа е причината поради која ја отворив темава.

Да замислиме дека науката, медицината, технологијата некогаш ќе бидат доволно напредни за да се создаде такво нешто. Замислете ситуација во која роботите (андроидите) би биле секојдневие.
Дали е можно да се случи нешто... ете, да речеме - бунт, колку и да е банално тоа? Повеќето од нас имаат гледано филмови, или имаат читано книги во кои се спомнува нешто вакво (I, Robot - филмот и книгите од Асимов - хеј, дури и Аниматрикс итн итн)...

Разбирам дека ова и за повеќето научници е terra incognita, не па за нас, обичните луѓе, ама сепак би било интересно да се види кој што мисли за оваа тема.

P.S.: Се мислев каде да ја ставам темава.. се одлучив за Општи муабети, зашто Хардвер/Софтвер.. хм, сепак не е соодветна!
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мислам дека еден ден ќе се создатат толку усовршени роботи што ќе бидат програмирани на илјадници и илјадници реакции и емоции и акции, што во секое сценарио и ситуација ќе "знаат" како да дејствуваат и притоа, ќе имаме впечаток како самите да размислуваат. Но, да го создадат оној дел, ќе го наречам "свест" каде што роботот би бил вистински свесен за неговото постоење и би можел вистински да размислува, тоа не верувам деќа ќе се случи. А бидејќи тоа нема да се случи, не би дошло до некаква си роботска револуција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Но од друга страна можно ли е да се случи еден вид на мискалкулација за нас, но логичен протокол за роботот рецимо во обезбедување на човековата раса?
Роботот да сфати дека ние сме си сами на себе закана па да почне ако ништо друго да изигрува авто-имун систем и да не` заштитува од самите нас? Знам дека премногу глеам филмови со Вил Смит, но отсекогаш ми паднала таа идеја во паметот.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Но од друга страна можно ли е да се случи еден вид на мискалкулација за нас, но логичен протокол за роботот рецимо во обезбедување на човековата раса?
Роботот да сфати дека ние сме си сами на себе закана па да почне ако ништо друго да изигрува авто-имун систем и да не` заштитува од самите нас? Знам дека премногу глеам филмови со Вил Смит, но отсекогаш ми паднала таа идеја во паметот.

Ако може да сфати такво нешто, тоа значи дека тој има свест. Сфаќа нешто надвор од неговото програмирање. Но, мислам дека тоа би било невозможно.

П.С. Гледајте го Ex Machina доколку го немате гледано.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Неодамна Стивен Хокинг ги предупредуваше „децата“ да не си играат. Sci-fi авторите па и научниците имаат основа за загриженост. Ваквата форма на живот еден ден може да пресмета дека ние сме опасност за нив а исто како и природните форми на живот и AI веројатно ќе го има оној инстикт за преживување. Во денешниот свет зависен од технологија не е тешко да се види како тие ја преземаат контролата. Машина можеш да програмираш како сакаш, но сопствена свест значи и кршење на правила и лажење. Во превод, еднаш штом машините би имале свест и интелегенција, тие ќе почнат да го работат системот по свое.

Кога сум тука да препорачам и некои филмови на оваа тема:

Blade Runner (1982)
A.I. Artificial Intelligence (2001)
I, Robot (2004)
Ex Machina (2014)
Matrix (1999)
Short Circuit (1986) - Овој е комедија :)
Her (2013)
Class of 1999 (1989)
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173

Фала за погорниве предлози, ќе се прегледаат.

Во врска со темата, од една страна, не замисливо ми е, барем zaсега, да машините имаат свест и покажуваат емоции. Дури и кога би ги прикажале, дали подобра би била прегратка од едно лимено машинче/кутивче, отколку топла рака на некој близок? Никогаш не би било исто. Разбирам да има машини за одредени области од индустријата, кои ќе бидат контролирани од луѓето за одредена цел, ама не ми е јасно за што би ми служел мене еден робот. Да ми изиграва слуга? Пре би си зел нешто сам, отколку да се претворам во дембел a.k.a. couch potato.

Од друга страна, со технологијата никогаш не се знае. Бев прилично изненаден од достигнувањата на технологијата што ја гледав во еден документарен серијал на факс. Не ми текнува само името како беше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сеа правите муабет за Artificial Consciousness или Artificial Intelligence? Едното со другото разлика од тука до немачка и назад.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and The Tramp

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па има разлика и тоа голема. Вештачка интелигенција подразбира вештачка интелигенција, а не емоции, свест и што ти знам. АИ обично се подразбира интелигенција која ќе може да одлучува по пат на логика и да се надградува т.е. да учи. Пример еве од секојдневниот живот пребарувачките енџини кои ги користи Гугл „учат“ што тоа пребаруваш и со тек на време резултатите кои ти ги нудат се зависни од тоа што си го „научил“ енџинот.

Вештачка свест e сосема друго нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara