Велигденските обичаи како што се вапцањето јајца, палењето свеќи и држењето велигденски пости водат потекло од паганските религии. Ниту еден од овие обичаи не е поврзан со воскресението на Исус, кое наводно се прославува на Велигден.
Интересно, англиското име за Велигден (Истер) се поврзува со Естра, или Остра, англосаксонска божица на зората и пролетта. Таа била и божица на плодноста. Според едно дело, „таа имала зајак на Месечината кој сакалјајца, а понекогаш била прикажувана со глава на зајак“ (
TheDictionaryofMythology).
Иако се тврди дека Велигден се празнува во чест на Христовото воскресение, овој празник, всушност, влече корени од лажната религија. А како дошло до тоа јајцата и зајаците да станат заштитен знак на Велигден? Јајцата „се симбол за нов живот и воскресение“, стои во една енциклопедија, а зајакот веќе одамна служи како симбол за плодноста (EncyclopædiaBritannica). Според тоа, Велигден всушност е обред на плодноста, невешто замаскиран како празник во чест на Христовото воскресение. Всушност, Библијата ниту заповеда ниту, пак, одобрува да се одбележува воскресението на Исус! Кога тоа се прави под маската на Велигден, се работи за уште поголема неверност.