Ваши негативни/позитивни страни кога сте во врска?

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Позитивни - Не сум љубоморен, доколку стекнам доверба во партнерот веќе сум целосно искрен и отворен,толерантен сум, и пред се има слобода да си испадне со другарките кога сака не ми смета, што знам понекогаш и премногу откачен знам глупости да тропам и по цела вечер, позитивен и насмеан цело време.

Негативни - Насмеан цело време па и кога сум искрен 100 % не ми верува и секогаш за точен одговор го зима спротивниот од тој што ке го кажам па понекогаш ми доаѓа да го кажувам лажниот за да го добие вистинитиот.
 

Индискo оревче

Истакнат Член
22 април 2012
74
99
318
30
Позитивни: многу се, ќе ми се излижет буквиве на тастатурава ак почвам да ги пишам :D
Негативни: избувлива сум многу, знам за глупа работа да се испокарам, се контрам. Е ако не ми презборвит и само велит „да, да, да, да...“ после 5 минути ми поминвит и лутината и желбата за контрање, па можам да прам цивилизиран муабет. Ама ако не е таков чоек ќе се заколиме :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
негативно - досадата ме гуши...ако дојде до тоа...зиам куферите и си одам...па затоа партнерот не тртеба да биде некој досаден.
а позитивно - правам скоро се, ги искористувам шансите да ни биде интересно и лудо :showoff
 

KaMa(

Полноправен Член
1 јули 2012
42
32
18
Позитивно - хумористичен (околу мене луѓето се смеат, нема лабаво), верен ко куче, пружам поддршка за секоја добра идеја.

Негативно - опсипувам со љубов и сакам девојката да се чувствува преубаво со мене. (да ова е негативно, не правете фаци позади тастатура сега).
Обидувајќи се да помогнам, на крај критикувам само. Пример, ако цурата ми е питома овчичка и трпи да ја искористуваат другарите/другарките за секакви глупости.

Веднаш интервенирам и благодарение на мојата НЕсуптиллна природа, станува пукотница.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
позитивно дека се зезам,а негативно сакам проблемите да ги решавам на маса но машките бегаат гајле им е.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога си гледам од моја страна, тоа што сум јас во врска е нешто што треба така да биде и што наводно сите машки го посакуваат, ама реално не е така, па затоа ќе го ставам во негативна страна.
Ама на кој како му одговара, ова се моите страни кога сум во врска:
Во врска, партнерот сакам да ми биде надвор пријател дома љубовник. Нема потреба цел свет да знае дека сме во врска и колку се сакаме, а исто и што проблеми си имаме. Не сакам да ми/му прекине животот што сум/го имал/а пред да бидеме во врска и веќе да не постојам јас и тој, него само ние. Јас сум си таа истата вака и во врска, ги имам истите навики, истите пороци и истите пријатели без разлика дали тоа му се допаѓало на некој или не. Дечко, го сметам за дел од мојот свет, а не цел свет. Мразам љубомора, забрани, уцени.. Ни ги правам ни сакам да ми ги прават. И љубов покажувам на дела не на зборови. Тоа што не кажувам те сакам на секое не значи дека не сакам, пошто ако не сакам не би била во врска.
Е сега сите мажи сакаат ваква врска и женска со вакви "позитивни" страни, ама во суштина не е така. Посебно после некое поминато време..
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас неможам да бидам во врска а тој човек да не ми е најдобриот пријател, тоа ми е позитивната особина, што сум другар, лојална сум и знам како да го мотивирам и поддржам партнерот. Негативната страна ми е што не сум баш слушател односно ја сум зборувачот и затоа партнерите повеќето ми биле слушатели, ете тоа ми е негативно и понекогаш знам да бидам премногу фокусирана на себе и не сакајќи да ги запоставам потребите на другиот за жал или пак сум премногу независна што оддава чувство дека никој не ми е потребен а не е така