Најубава на цел свет. И тоа колку несериозно почна, вака ретроспекција кога си правам, не можам да поверувам. Пред 1 година, на овој датум немав ни идеја дека денес ќе имам силно забетонирана врска и дека ќе се чувствувам вака. Потоа спонтано, без никаков притисок работите станаа убави. Секогаш сум верувала во љубов, само не верував дека ќе ми се случи мене, ама ете и тоа бидна. Сега на мене е само да сакам и да ги уживам убавините на тоа да бидеш сакан.