Американската поп ѕвезда Бритни Спирс со заработка од 58 милиони долари се најде на врвот на листата на Forbes за најплатени музичарки во текот на изминатата година.Во периодот од мај 2011 до мај 2012 година, Бритни Спирс заработи 58 милиони долари, благодарение на последниот албум „Femme Fatale“ и истоимената турнеја, како и на улогата на судија во реалното шоу The X Factor за што доби хонорар од 15 милиони долари.
Второто место е резервирано за Тајлор Свифт со заработка од 57 милиони,а третото место го зазема Ријана со 53 милиони.По неа следат Лејди Гага со 52 милиони,Кети Пери со 45,Бијонсе со 40,а Адел заработила 35 милиони долари.