Бесконечност

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сингуларитетот не е ништо, тоа е состојба во која постоел универзумот пред да почне неговата експанзија, позната како биг бенг.
Не ти зборам јас за сингуларитет... конкретно те прашав за следново - Постоењето е независно од просторно временските ограничувања, бидејќи тие произлегуваат од него, а не обратно.
Ако нема време и простор тогаш тоа би го дефинирале како ,,ништо'' , па од таму и прашањето - дали и ништото постои?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па не ни реков дека постои во димензиите на времето и просторот, баш напротив, кажав дека тие произлегуваат од него, а не обратно.
Па и јас ти кажувам, за да дефинираш вечност мораш да искористиш „време“. Времето постои откако ќе се случи експлозијата. Јас те разбирам што сакаш да ми кажеш со поимот „постоење“ но тоа воопшто не е заклучок туку е чиста претпоставка. Не е дека целава тема не е чисто теоретизирање базирано врз една прото-претпоставка дека се случила таа експлозија, но има доволно искази за да се донесе заклучок за она што постои во универзумот.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не ти зборам јас за сингуларитет... конкретно те прашав за следново - Постоењето е независно од просторно временските ограничувања, бидејќи тие произлегуваат од него, а не обратно.
Ако нема време и простор тогаш тоа би го дефинирале како ,,ништо'' , па од таму и прашањето - дали и ништото постои?
Епа погрешна претпоставка земаш за твојот заклучок, а тоа е дека ако нешто нема просторни димензии, тогаш е ништо. Сингуларитетот нема просторни и временски димензии, а сепак постои, не е ништо.
Па и јас ти кажувам, за да дефинираш вечност мораш да искористиш „време“. Времето постои откако ќе се случи експлозијата. Јас те разбирам што сакаш да ми кажеш со поимот „постоење“ но тоа воопшто не е заклучок туку е чиста претпоставка. Не е дека целава тема не е чисто теоретизирање базирано врз една прото-претпоставка дека се случила таа експлозија, но има доволно искази за да се донесе заклучок за она што постои во универзумот.
Вечност е погрешно избран термин од моја страна, бидејќи е временска одредница, вистинскиот термин е бесконечност, а таа се однесува на постоењето бидејќи единствено тоа е бесконечно.
П.С. Во врска со болдот, сингуларитетот не експлодирал, туку експандирал, биг бенгот е ширење, а не експлозија, бидејќи за експлозија е потребен простор и време, а тие се појавуваат како реакција на експанзијата на сингуларитетот во универзум.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Едно е повеќе од јасно ,љубовта кон оние кој ве значан се во животот,за кој се борите секојдневно е онаа безконечна која никогаш не умира !!!!
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Едно е повеќе од јасно ,љубовта кон оние кој ве значан се во животот,за кој се борите секојдневно е онаа безконечна која никогаш не умира !!!!
Кога ти ке умреш ке умре и твојата љубов.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Ај ти сеа не ми филозофирај многу :) ,мојата љубов не умира никогаш ,кога ја давам нема бришење !
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Тоа е веќе што ако нема бензин на Мак Петрол !
Нормално ќе одиш на Лукоил ?! ;)