Па тие истите се лимитирани од постоењето на универзумот. Дали физичките закони постојат ВО универзумот? Да. Тоа значи дека постоењето на универзумот ги ограничува. Ако универзумот има почеток тогаш истите тие закони се ограничени од една страна затоа што имаат почеток. Бесконечноста нема почеток и крај, па така ако универзумот има најмалку почеток или крај тоа значи дека преминувањето од еден облик во друг не е бесконечно.
Погрешно, бидејќи оваа теза се базира на тоа дека биг бенгот е почеток на универзумот, па според тоа, ако тој има почеток, може да има крај, што би значело дека не е бесконечен. Но биг бенгот не е настан во кој се создава или креира универзумот, туку настан во кој тој почнува нагло да се шири. Пред да почне со таа експанзија, универзумот постоел во состојба која науката ја нарекува сингуларитет, а сингуларитетот не е ништо, не е одсуство на постоење. Со биг бенгот материјата и енергијата почнуваат со нагла експанзија, при што како реакција на тоа се појавуваат времето и просторот.
Материјата и енергијата (кои во суштина се едно исто, Е = mc 2) Се во директна поврзаност со просторот и времето (кои исто така се едно исто - просторвреме), бидејќи материјата го закривува просторот и го успорува времето. Универзумот не е ништо друго освен интеракција на овие 4 аспекти - материја, енергија, простор и време, а како што веќе предходно нагласив, физичките закони се јасни, материјата и енергијата неможе да се создадат ниту да се уништат, туку само да поминат од еден вид во друг. Што значи, универзумот е бесконечен или вечен.