Епа тогаш ти е гајле за туѓото мислење. Нема зависи од кого е како е што е. Не ти е гајле за туѓо мислење и не се замараш. Ама ти сепак се замараш за секое туѓо мислење. Оние кои те критикуваат позитивно ги прифаќаш, оние кои те критикуваат негативно не ги прифаќаш затоа што можеби ти укажуваат на нешто кое не го гледаш и упорно го одбиваш, НО сепак не си рамнодушна спрема ниедно мислење. Therefore тебе ти е гајле за туѓото мислење.
Сакам уште нешто да ти прокоментирам, кога веќе почнавме. Темава благе везе нема. Прво нешто, лична била, повеќе не е. Кога нешто што било лично го споделуваш, треба малку објаснение да се даде. Тоа што го споделуваш прави истото да престане да биде лично во истиот момент кога го споделуваш.
Повторно се пофалуваш себе си, ама пробуваш да го прикриеш тоа (како и претходно)
ј***ш га ситничар сум, што да правам. Гледам си го сменила малку текстот да е попрегледен, благодарам за тоа зашто прегеска очите ми излегоа до монитор и пак назад.
Никој не станува она што тврди дека никогаш нема да постане. Тој си бил таков, но сеуште не бил свесен за тоа па го негирал. Јас според твојава колумна гледам дека ти си била наивна и лесноумна, да не речам но ќе речам заслепена. Си мислела дека си црвенкапа и дека волкот ќе те заштити, но не те заштитил затоа што е волк и на челото му пишува дека ќе те изеде. Метафорите од друга страна не ти се баш најдобра страна, судејќи по твоите неколку колумни.
Гневна си некому, или си била, не знам точно. Си „постанала“ ладнокрвна поради тоа...но не си ладнокрвна. Јас велам дека оваа фаза која што ти ја опишуваш во твоите колумни (да да, фаза) ја поминавме речиси сите (
lady_blue што мислиш, само внимавај повторно да не ја навредиш) па ќе ја поминеш и ти. Сите сме ги имале тие периоди кога сме се чувствувале гневно поради тоа што сме биле изиграни од некого, но ладнокрвноста која е последица на гневот е минлива работа. Ќе го сфатиш тоа малку подоцна и ќе се смееш на ова што сега го пишуваш.
Принцот е апсурден. Ќе го коментирам и него. Не си го нашла или не те нашол. Принцовите не шетаат по шумите барајќи сапиосексуалки. Принцовите не постојат, исто како и бајките.
едит: Сеа гледам->
Јас не знам што те курчи, јас ти пишувам онака како што знам. За некои е нападно, за некои е сосема во ред.