Иако Африка како континент се издвојува од преостанатите континенти, и таа има свое значајни знамености а еден од нив е Розевото Езеро во Сенегал.
Ова необично обоено езеро изгледа дека ќе ги „проголта“ работниците во својата „утроба“ полна со крв. Но, розевата/црвената боја на езерото Ретба кое се наоѓа во Сенегал, Западна Африка му доаѓа од солта и бактериите кои таму живеат.
Работниците таму го вадат минералот од водата и подоцна го преработуваат во сол. Слично на Мртвото Море, поради солта телата на работниците и било кој човек не може да потонат.
Мајкл Денсон, експерт за бактерии истакнува дека „јагода бојата“ на езерото е создадена од бактеријата која сака сол „Dunaliella salina“. Таа создава црвен пигмент кој ја апсорбира сончевата енергија која служи за уште повеќе енергија долу во езерото, со што водата станува розева/црвена.


