Африка (одмор и туристички дестинации)

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Иако Африка како континент се издвојува од преостанатите континенти, и таа има свое значајни знамености а еден од нив е Розевото Езеро во Сенегал.
Ова необично обоено езеро изгледа дека ќе ги „проголта“ работниците во својата „утроба“ полна со крв. Но, розевата/црвената боја на езерото Ретба кое се наоѓа во Сенегал, Западна Африка му доаѓа од солта и бактериите кои таму живеат.
crvenoto-ezero-vo-senegal-8-659x427.jpg
Работниците таму го вадат минералот од водата и подоцна го преработуваат во сол. Слично на Мртвото Море, поради солта телата на работниците и било кој човек не може да потонат.
Мајкл Денсон, експерт за бактерии истакнува дека „јагода бојата“ на езерото е создадена од бактеријата која сака сол „Dunaliella salina“. Таа создава црвен пигмент кој ја апсорбира сончевата енергија која служи за уште повеќе енергија долу во езерото, со што водата станува розева/црвена.
crvenoto-ezero-vo-senegal-7-659x434.jpg
crvenoto-ezero-vo-senegal-6-659x436.jpg
crvenoto-ezero-vo-senegal-5-659x404.jpg
crvenoto-ezero-vo-senegal-3-659x347.jpg
crvenoto-ezero-vo-senegal-2-659x377.jpg
crvenoto-ezero-vo-senegal-1-659x376.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Хургада е град во областа по име Црвено Море во Египет. Главен туристички центар и втор град по големина во тој реон (после Суец) лоциран на брегот на Црвеното Море.

Градот е формиран на почетокот на 20 век, а од 1980-те години постојано се зголемува. Во овој град инвестираат и египетски и странски инвеститори, и го претвораат во водечки центар крај брегот на Црвеното Море. Хотелите нудат бројни туристички морски атракции, меѓу кои водечки се спортовите на вода, како и нуркање, пловење со јахти, едрилици и друго.
Хургада се протега на околу 36 километри крај морскиот брег, но не и длабоко во пустината. Главно место за туризам е за жителите од Каиро, но и за туристи од Европа. До скоро ова било само едно мало рибарско место, но денес Хургада е град со околу 248.000 жители, и поделен е на три дела: Центар (Ел Дахар) е стариот дел; Сакала е центарот на градот и Ел Мемша (Селски пат) е современиот дел.


otdyh-v-Hurgade.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Едино за плажа и одмор во Африка е северо-источна африка и јужна Африка. Другиве места се суви и се е пустелија. Би сакал некад да отидам во Египет. Доста го фалат. Али и не било многу ефтино ко што слушам. :(