Многу е штета, што ова место не е доволно искомерцијализирано и експлоатирано пред се во туристички намени, на тој начин ќе стане попопуларно, ќе се заштити соодветно, секако ќе има поголема посетеност. Интересна градба е да се види во живо, а скоро и да не постои на туристичките мапи и во туристичките тури на странциве што доаѓаат. Сепак странските туристи повеќе би сакале да видат некаква автентична и интересна градба која може да биде дел од симболите на Скопје а не барокни згради кои они ги имаат за извоз, зборам пред се за туристи од европските земји. Како турист од германија, данска, холандија, чешка, словачка би му привлеко внимание барокна зграда изградена во 21век? Сигурно нема да го заинтересира толку колку аквадуктот, скупи, чаршијата, калето, матка, пантелејмон и слични обележја на Скопје, кои ги импресионирале патеписците низ вековите.