Амајлија

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Денес, амајлиите се продаваат преку списанија, т.в. и интернет, во најразлична форма, волшебни камења, потковици, астролошки симболи, позлатени крстови, нараквици со мали иконки, писмо од „мајката Божја“, кое штити од меч и к*ршуми.... па дури и парчиња од дрво, кои наводно се од крстот на Исус.

Идејата на амајлијата (предметот) е дека оној што ја поседува, во неговиот живот ќе има духовна и физичка заштита, здравје, среќа, благослов, просперитет....

Дали Вие носите амајлија, колку Вие верувате во амајлиите ?
инаку лично јас си носам бројчаница (или како да ја наречам не знам ) црковна веќе неколку години
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Амајлиите зрачат чист Placebo ефект, земено уште од човековото постоење до ден денешен. Што човекот повише се филма толку амајлијата ќе има попозитивен ефект.
Порано си носев такви стварчици, се` додека не изгубив една, и сфатив после вториот ден дека немала никаков удел и дека сум праел само смешни филмови во глава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

malata..

Истакнат Член
16 февруари 2013
38
42
318
и јас носам неколку такви алки-бројчаници, но искрено не верувам во такви работи дека имаат некаква моќ или нешто слично :)
 

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Бројачниците имаат некакво значење.и служат за молитва.
Амајлијата ја сметам за суеверие, па немам никакво искуство со неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malata..

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Никогаш не сум носел такво нешто, ни ланец, ни белезица, ни прстен. За мене тоа се бабини деветини и приказни за мали деца.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Никогаш не сум имала амајлија,мене ме штити мојот ангел чувар :D
angel.gif_320_320_256_32000_0_1_0.gif_480_480_0_64000_0_1_0.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and 84 sk_Y ^_-

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Никогаш нит сум имала,ниту пак ќе имам,не верувам дека една алка или некој камен ќе биде заслужен за мојот успех или среќа.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Имам. Сребрен ангел што го чувам во внатрешниот џеб од палтото. И кога и да менувам палто пак го преставам ангелчето.
Кога чекам некаде ред, ако не си го префрлам во рака не сум целосен. Ако лежам на плажа и ако не си го чувам во рака исто не сум целосен.
Дефинитивно тврдам дека не ми носи среќа, но исто така дефинитивно тврдам дека и среќата без него не ми постои. Не сакам ни да помислам што ќе се случи ако го изгубам
Ни подари мајка ми и мене и на сестра ми исто ангелче, односно ни подарила кога сме се родиле, и двајцата го чуваме и за двајцата има огромна сентиментална вредност.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Досега само бројаница...а пред некој ден ми даде мајка ми и друга амајлија во некој чуден облик на крст...и немам проблм со тоа...знам дека во никој случај неможе да штети так да ја носам па ќе видиме шо ќе биде...;)