Алчноста и другите „негативни“ чувства

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене ми се чини дека негативните чувства се токму тие што нѐ тераат напред и нѐ предизвикуваат на себеиспитување.
Се разбира, тука е и моментот на забегување во крајности.
Но колку што е лошо да се забега во негативна крајност, толку е лошо и да се забега во позитивна крајност.
Се сложувам делумно.

Само не знам зошто ги делите чувствата на лоши и добри. Тоа се само различни гледишта на една иста работа. На пример ако јас сум алчен, јас секогаш ќе барам повеќе од нешто. Не зборам само за финансиска алчност, туку еве пример алчен сум за знаење. Тоа би ми овозможило широк спектар на знаење и секогаш ќе барам повеќе и повеќе. Но лошото во „оваа“ алчност е тоа што нема да трошам време со друштво и социјализацијата ќе ми биде на многу ниско ниво. Така да дали е лошо или добро зависи од твојот агол на гледање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saturnia, She and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Се сложувам делумно.

Само не знам зошто ги делите чувствата на лоши и добри. Тоа се само различни гледишта на една иста работа. На пример ако јас сум алчен, јас секогаш ќе барам повеќе од нешто. Не зборам само за финансиска алчност, туку еве пример алчен сум за знаење. Тоа би ми овозможило широк спектар на знаење и секогаш ќе барам повеќе и повеќе. Но лошото во „оваа“ алчност е тоа што нема да трошам време со друштво и социјализацијата ќе ми биде на многу ниско ниво. Така да дали е лошо или добро зависи од твојот агол на гледање.
Па во право си, затоа се ставени наводници во насловот.
Не ги делам на лоши и добри, барем не јас лично. Но ми се чини дека се некако така поделени и како такви општоприфатени. Можеби грешам. Би сакала да грешам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Алчност - Никогаш не е доволно од премногу или премногу никогаш не е доволно?
Алчноста заедно со себичноста е во кош на негативни чувства кои користејќи ги како средство за цел, секогаш водат кон деструктивни и болни ситуации каде алчниот е губитник.

  • Во ситуација каде двајца победници имаат материјален триумф, едниот душевно е губитник. Погодете кој?

- Алчниот, бидејќи првата реченица е точна за него, премногу не е доволно, но сатисфакција е за уште, уште и уште.
Алчниот никогаш нема да биде алчен за позитивни чувства, алчниот секогаш е алчен за нешта во материјална форма.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

Донекаде се сложувам.
Само во делот каде се прашува кој е душевно губитник ако се мисли на алчниот,мислам дека не е така,алчниот има душевен мир оти на работите што ги прави со алчност смета дека така е исправно,ако не мисли така нема да биде алчен,со ретки исклучоци.
И плус сакам да додадам дека во случаевите каде што алчниот ке биде тој без душевен мир,па и оние другите за кои образложував дека не осекаат душевен немир,точно дека на крајот тие,алчните се губитници,но претходно однеле многу жртви кои изгубиле ради таа нивна алчност.
 
Душевен губитник е човек, опериран од позитивни чувства кои спречуваат голема алчност, продуцираат железна решителност на однесување во рамка на морален кодекс кој иако е релативен, сепак постои. Ете наведе ти случај исполнет со жртви зашто алчност и болна амбициозност не се синоним за успешно душевно реализирана личност.

Полошо од имање негативни чувства е немање на никакво чувство. Филмот Equilibrium ја објаснува оваа појава и вреди да се гледа и анализира од философски агол. Но тоа е друга тема.