Се сложувам делумно.Мене ми се чини дека негативните чувства се токму тие што нѐ тераат напред и нѐ предизвикуваат на себеиспитување.
Се разбира, тука е и моментот на забегување во крајности.
Но колку што е лошо да се забега во негативна крајност, толку е лошо и да се забега во позитивна крајност.
Само не знам зошто ги делите чувствата на лоши и добри. Тоа се само различни гледишта на една иста работа. На пример ако јас сум алчен, јас секогаш ќе барам повеќе од нешто. Не зборам само за финансиска алчност, туку еве пример алчен сум за знаење. Тоа би ми овозможило широк спектар на знаење и секогаш ќе барам повеќе и повеќе. Но лошото во „оваа“ алчност е тоа што нема да трошам време со друштво и социјализацијата ќе ми биде на многу ниско ниво. Така да дали е лошо или добро зависи од твојот агол на гледање.