Алкохол

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ракија мразам. Не ја поднесувам ни за грагара, не па ли да ја пијам.

Мастика мразам. Слично е на узо, но многу погрдо. Узо не сакав до пред година/две, сега сакам. Особено ако е кристално студен и сечен со кока кола. Опа!

Од другиве 35/40% алкохоли, најнеомилен ми е водка. Ако е квалитетна (Absolut, Smirnoff, Finlandia) нема апсолутно никаков вкус, плус и ако е сечена со сок, исто како да го пиеш само сокот. Ако е неквалитетна е грозна.

Мартини не сакам, ма какво и да е. Бело, црвено, сечено, со водка, whatever, не можам да го поднесам тој грдо-благ вкус.

Џин сакам, но ретко го пијам. Чист не многу, но сечен со Schweppes Tonic Water или евентуално со Schweppes Bitter Lemon... Ми се допаѓа многу Beefeater, а со нетрпение чекам да го пробам Bombay Sapphire.

Текила кога како. Не сум преголем фан и повеќе ја сакам бела, без сол и лимон. Кај нас нема баш многу избор, така да, само една и единствена поштувам, а тоа е Jose Cuervo. Жалам што не ја пробав Patron во Америка, но беше доста скапа. Ефтинине кај нас (400/500 ден.) се катастрофални, слични на ракија.

Виски сакам, но зависи кое. Мразам Johnny Walker, а Џони, а ракија, исти курац. Jack Daniels ми е топ и многу сакам да го пробам со honey. Ако треба да бирам за некој кој најмногу ми лежи, тоа би бил Jameson. Има специфична арома и не мава толку како Џек.

Коњак мразам, језда немам пробано никаков друг освен хрватскиот Badel Brandy. И не разбирам што е разликата помеѓу виски, бренди, коњак, скоч, бурбон,...

Stock 64 сакам. Најмногу ми се допаѓа сечен со спрајт.

Рум си сакам најмногу, и чист и сечен, секаков. Најомилен ми е Captain Morgan. Повеќе сакам црн, spiced, отколу бел. Од белите го имам пиено на Bacardi, not bad.

Jagermeister ми е омилен ликер. Ем благ, вкусен, ем силен. Не сум пробала сечен и не би ни сакала да пробам. Мразам кога е со коцки мраз, а најмногу го сакам тазе изваден од замрзивач. Може да му се додаде парче/две портокал.

Од ликерите ми се допаѓа Amaretto, зошто обожавам марципан. Исто така и Bailey's (The Original Irish Cream) ми е онака баш топ, лесен. Исто така, ликер од чоколадо и ликер од кокос, уфф уфф уба'јни.

Absinth сакам, но со граници. Ми се допаѓа сечен со Schweppes Bitter Lemon.

Вино ретко пијам во последниве 2/3 години. Повеќе сакам црвено, но сепак ќе кажам, зависи. Едно што најмногу ми остави впечаток беше домашно. Уживанција со секоја голтка. Белото ми е онака за освежување повеќе. Најубаво ми е сечено со кисела вода со лимон. Може и сечено со Schweppes Bitter Lemon.

Пиво сакам, особено напролет и се разбира на лето. Од светлите омилено ми е Stella Artois, а најмногу сакам темно Лашко. Едно од највкусните пива што ги имам пробано е Murphy's Irish Red. После Стела, омилено ми е Heineken. Го сакам и Beck's, а Tuborg ми е малце слабо, но одлично за освежување. Не ги сакам многу нашиве пива. Скопското го пијам понекогаш, но некако, променет ми е вкусот во последните 2/3 години. Како да не е толку газирано и е погорчливо. Не знам, можеби е до мене.


All in all, сакам да пијам квалитетен алкохол.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Сакам да пробам стару добру кавадаречку ракију
или па од Кафказ нека е, мислиш праиф там добру ракију м ? : )
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
temjanika1.png

Со две-три лимончиња и мраз..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Император е уникатно вино произведено од сортата Вранец, од доцна берба од избрано грозје од лозовите насади на Бовин. Вино со длабока, црвена боја и интензивна арома на шумски плодови како боровница, „мајка на дрвото" - рrunus spinosa, рибизла и киселкасти цреши. Вкусот ја следи аромата, е јак и свеж.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Коњак, ракија, рум, виски, узо, мастика, бело вино и шток не пијам.
Најчесто пијам сечена водка, чиста поретко ама не враќам назад :)
Џин тоник ми е на второ место онака колку за промена .
Пред некое време му се запнав на мартини а сега и не ми прави многу ќеф, ама исклучиво бело.
На лето пиво и мохито ми се онака неизбежни, на зима неможам да пијам пиво незнам зошто. На зима само црвено винце.