Актерство

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Дали некој се занимава со актерство или глумење?
Дали можеби некој студира на Академијата за драмски уметности?
Дали некој сака да се занимава со тоа?
Дали покажувате љубов кон оваа уметност?

Јас со глумењето се запознав уште во градинка. Секогаш добивав комплименти дека сум ептен талентирана во споредба со моите врсници и секогаш главните улоги беа мои. Истото продолжи и во основно, па и сега во средно. Секогаш добивам некои важни улоги во драмите кои ги реализираме и успешно си го одработувам својот дел...
Ги обожавам театарските претстави и воопшто глумењето.
Во семејството имам двајца дедовци од кои едниот беше глумец (починат е), а другиот е оперски пејач, па веројатно љубовта кон оваа уметност ми е во крвта...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Некогаш ми е криво што не запишав Драмски пошто секогаш ме влечело, ама ете, се водев по тоа дека нема баш многу леб тука од глумење.
А штета, ко деца стално организиравме претстави и низ маало и во школо, и многу ми се допаѓаше. Буквално дефиниција на она "Find something you love to do and you'll never have to work a day in your life."
Ај, може некој друг живот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider