Но во пракса и не е така едноставно, зашто го забораваш елементот „претпазливост“, пред се’ кај џенцкиот пол, што е и разбирливо... Некогаш, едниот од двајцата допишувачи не сака да го „преточи“ виртуелното познанство во вистинско, баш поради тој пусти страв да не се скрши идеалната слика, создадена врз основа на виртуелните впечатоци.
Сепак, јас немам ништо против ваквото запознавање. Најдолгата врска во која бев започна токму вака, односно 2 месеци допишување со девојката (со благи прекини), за потоа да излеземе и по една недела да ја „официјализираме“ работата.
Траеше точно 3 години.
Имаш право, ги изоставив делот дали е паметно да се видиш со некого за кого не знаеш ништо освен виртуелно допишување.Педофили, манијаци на секоја страна....страшна помисла.
Туку јас во глава имав идеја као се знаат од ист град ама почнуваат комуникација на фејсбук, не дека никогаш предходно не го видела или обратно(таков беше мојот случај), па да не се ослонуваат само на тоа виртуелно допишување зошто сепак лице во лице е реалноста, без тастатури, лајкови, боцкања и сл.