Масивно сиво синило
прегратка темна вкрстена в бол
темница црна в шир
енигма и страв.
Призма на магла
од облак темен, сув
и патека со прашина,
желна
за нешто што починка не е.
Ампутирање на љубов
без доза анестезија
торнадо на самотија,
без темен поглед
низ потни стакла.