Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Се колнам во некогашниот Источен блок и Студената војна,
дека скандалот со знамето е намерно наместен, за да ги расипе односите
меѓу државите Северна Македонија и Бугарија (како обострана желба),
како што еден претседателски кандидат, пред очите на светот,
сам си ги мести атентатите, со првиот, изведен врз неговото уво,
но кој малку допрел до ушите на гласачите, па со вториот, многу по уверлив,
само што овојпат нишанџијата не погодил ниту едно топче за голф во лет,
со намера да продолжи со истата изборна тактика и понатаму, се додека,
од инает, не си организира еден супер уверлив атентат во Далас.

(Се предупредуваат читателите двапати да го прочитаат текстот
пред да поверуваат. И вистината нема крај).
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Очекував по првите сто дена власта да падне.
Не падна ама пак не потисна
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Полицијата е спремна да одговори на сите предизвици
за дестабилизација !?
Најлесна се дестабилизира со тепање народ.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Чекаме сигнали од Бугарија.
Јас веќе ги добив, само не од Бугарија.
Од планета оддалечена од Македонија дваесет и пет
светлосни години.
Бугарија е подалеку.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Очекувам лидерот и мене да ми испрати писмо.
Живеам во ЕУ, со признати Бугари во мојот бугарски пасош.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Кој ќе ги плаќа каматите за кредитот, е слично со
изградбата на афтопатите: во нив да нема ниту влез ниту излез.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Сега гледам зошто беше добро Трамп да биде реизбран едноподруго
во два мандати.

По штотуку одржаните последни избори, еднаш за секогаш
ќе исчезнеше и Тој и Мирот и Војната и Историјата и Светот
како што самиот ги кроеше, а нас немаше да не боли главата
од неговото повторно враќање на политичката сцена, со доминантна
осветничка реторика и закани за Мирот, Војната, Историјата и Светот,
ставајќи се во улога на Господар на прстените ископани во некој
археолошки локалитет во неговата глава.

Светската заедница од сите раси, нации и вери, полека соземајќи се
од првобитниот шок и загроза, му порача:
„Немој, немој, да не’ не исплашиш малку“, како пост фестум честитка
за изборната победа.

ПС
Америка го врати Трамп. И ние имаме еден за враќање.
Бог да не чува од повратници.
Веќе повраќаме.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
До крајот на годината планирам да ставам покрив над куќата.
До крајот на годината ми треба и покрив над Македонија.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Албанскиот јазик ќе го чува Албанија,
а е добредојден и во Македонија.