Сакам да кажам/Сакам да прашам

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
Темa: Дaли убивaте инсекти и се oсеќaте лoшo у превoд кoлку пoдoбри се oсеќaте oд oбичните смртници невегaните

Некoј дa ме киднaпирa и дa впери пиштoл у мене и дa ми рече нaпиши гo текстoв пoдoлу ќе му се изнaсмеaм и ...kill me now

Screenshot_2017-01-07-03-01-37-1-1.png
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Темa: Дaли убивaте инсекти и се oсеќaте лoшo у превoд кoлку пoдoбри се oсеќaте oд oбичните смртници невегaните

Некoј дa ме киднaпирa и дa впери пиштoл у мене и дa ми рече нaпиши гo текстoв пoдoлу ќе му се изнaсмеaм и ...kill me now

Отвори ја прикачената датотека 30107
И што има тука лошо или смешно што некој се обидува да не убива инсекти без причина?
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Добро бе луѓе ја отрувте темава. За дај ми на ти муабети имате тема Чет муабети. И сликата со прасето е вознемирувачка содржина.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Темa: Дaли убивaте инсекти и се oсеќaте лoшo у превoд кoлку пoдoбри се oсеќaте oд oбичните смртници невегaните

Некoј дa ме киднaпирa и дa впери пиштoл у мене и дa ми рече нaпиши гo текстoв пoдoлу ќе му се изнaсмеaм и ...kill me now

Отвори ја прикачената датотека 30107

Којзнае колку бактерии има отепано тој, небаре се ерменци во Анадолија.
И бактериите и вирусите се душички, Јерсинија пестис срцка била :)

Него, мало и BиоTрпе, ова е крајно, екстремно контрапродуктивен начин да се зборува за некаква идеја, идеологија или начин на исхрана, месарниците и кланиците лајкс дис :kafe на овој начин ќе натерате повеќе луѓе да се наждерат свинска печеница него било што, психологија 1-1.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143

Не гледам благ начин на убивање, не гледам благ начин на престанување со јадење месо.
Убивањето ке се спречи кога ке престане да се убива, месождерите ке престанат да јадат месо кога нема да јадат месо, така да мојот начин е сосема супер.
Ако вам ова ви изгледа премногу сурово, замисли како кравите го доживуваат вашиот нож во нивниот врат, како се жигосувани без никаков анестетик, вадење на роговите на биковите без анестезија... ова е Ок според вас, а кога јас ке се обратам остро тогаш јас сум изродот?
Извинете ме, но заблудата е кај вас ;)
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
@BioTrpe според вас (Веганите) сите што не се истомисленици не треба да постојат, тие се сурови убијци и за нив нема место на планетата. Според вас треба да постои само животинскиот, растителниот свет и вие Веганите.
Но сакам да ве прашам. Дома вие чистите пајажина? Имате ли вие Веганите срце да го уништите домот на пајакот кој со голема мака го гради и му служи да се прехрани како и да си го прехрани целото семејство? Без разлика на тоа што ќе го пуштите на слобода каде што паралелно со тоа го изложувате на уште поголема опасност да биде изеден од некој по доминантен од него. Имате ли срце тоа да го направите, да го ставите под ризик животот на пајакот и неговото семејство?
Додека од другата страна се вашите деца (не знам дали ги имате, ако ги имате да се живи и здрави). Пајажини, пајаци, бубачки и сите такви ситни слатки (за некои) инсекти се потенцијални носители на болести посебно па за деца, без разлика колку вегански ги исхранувате или се исхранувате.
Па кога би требало да бирате (во еден дом, простор) меѓу животот и домот на пајаците и другите ситни инсекти кои не сакате да ги уништите затоа што тоа за вас е нели нешто незамисливо и здравјето на вашите деца што би одбрале?

Сите си имаме свое место и улога на оваа планета, а нешто најлошо е да се наметнува мислење. Место да ги убедувате луѓето да бидат Вегани борете се стриктно против оние што вршат зло на животните т.е ИНДУСТРИИТЕ или групата на луѓе што управува со нив.
Но што на пример ви се криви селаните, кои со одгледувањето на животните со конзумирањето на нивните производи се прехрануваат, преживуваат, а ниту ги силуваат, ниту ги држат во два метра просторија, ниту ги трујат со отрови (не се будали и тие ќе ги јадат после) итн. Едноставно си ги чуваат гледаат и кога ќе им дојде време (како и нашето време кога иде нели да го напуштаме овој свет) ги јадат.

Еве пример една свиња раѓа по минимум 10 прасиња од нив 7 да се женски и да родат уште по толку и од нив 4 да се женски и тие родат по толку и толку и толку знаете ли воопшто што ќе се случи со планетава? А да не зборам па кога ќе почнат да умираат (сепак свињите не живеат по 50-60 години ниту па се бесмртни, на нив како и на повеќето животни животниот век е доста пократок) ќе треба и на нив да им се прават гробишта освен нели ако не сакаме да шириме вируси од лешовите и нормално да се залагаме за нивен опстанок оти нели според Веганството се што е живо мрда има право да живее, освен човекот оти тој е лошиот.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

Точно, фала богу некој да ме разбере .. Секако дека се залагаm за уништување на глупата "раја" - као што би рекол @Outrider , оние кои прават немири на оваа планета.
Зошто да бирам помегу домот на пајаците и нашиот дом? Зошто да не живееме сите заедно? Па како дрвото е дом за повеке видови птици, црви ?
И мало во претходните постови мислам дека спомна дека ако некое животно ме нападне, јас ке се бранам, па дури тоj чин да предизвикува смрт, дали тоа ке биде тигар, пајак, или нешто јадно као човек па и човек. Но зошто да ги убиваш животните кои ништо лошо не ти направиле? За прехрана? Па месото дури ниту ти е природен начин за исхрана, ниту телото ти е градено за да јадеш и преработуваш таква хрна, ниту пак си способна да ловиш. Да сега ке прашаш како тоа ти убиваш животни? Па пасивно Ита, пасивно, ти му плаќаш на месарот, месарот плаќа на индустријата, индустријата плаќа на ловците, ловците убиваат .. тоа се директно транспортирани пари од твојот џеб до ловецот .. вакви реченици учат во 2-ро одд. се надевам лесно ке сфатиш бидејки другите не сфатија сеуште.

Секако дека ке се пренамножат, но ти немаш никаков удел во природната селекција, бидејки како што споменав тоа не е твојот начин на исхрана.. не се вклопуваме ние тука.. за да не се пренамножат тука постојат месојади - вистински како лавот, волкот, хиената, тигрите, орлите итд. Но затоа што човекот е вмешан во се, ги затвора овците, свињите, козите во штала, им ги лови зајаците и срните на волците, па волците остануваат гладни скоро преку цела година, поготово сега во зима .. па потоа ги тепате волците затоа што се спуштиле од планина во блиските села каде што го осеќаат мирисот на својата храна ..
Колку само штети правите вие месождерите не сте свесни, и тоа поврзани штети, од една директива се прави друга штета, потоа трета и така до бескрај ..
И нема крај на човековата неинтелигенција, толку сме паметни што 21-век е а сеуште мислите дека сте сештојади .. алал ви вера, не знам што друго да пишам..

Се потресовте за нападот во Куманово пред 2 години, се потресовте за нападот во Париз, дури и ЈуТјуб имаше ставено француско знаме на своето лого, се потресовте за поплавата (за која тотално вината ја препишувам на самите скопјани) .. а што е со годишно умртвување на 12 милијарди водени и 10 милијарди копнени животни поради никаква причина? Тоа не е страшно?
Го плукате Хитлер и за него не смее да се зборува, во школо го оцрнуваат бидејки убил .. 12 милиони луѓе ? ... Не споредливи се броикиве, не знам како немаш тронка грев и срам во себе што ми го пишуваш ова.
Пак ке ве прашам, ако сте толку побожни и го величате Христос и ги славите неговите празници, зошто на трпезата имате мртво животно кога тој во неговите заповеди кажал да не убиваш? ... Потоа @existence ми вели јас су хипокрит????????

Зошто на @malo сликата е ставена во спојлер и пишува дека не е препорачливо, дека е тешко за гледање ...
Ако е тешко за гледање, тогаш по која логика е Ок за јадење?

Пајаците пренесувале болсети? .. ок, така е, но пајакот си спие во пајажината и си чека плен, не доаѓа да ми пренесе болести, од друга страна јадете разно-разни месишта полни со разно-разни болести .. на крај завршувате во болница со разно-разни болести за кои нашиве преедуцирани доктори не знаат да ви дадат дијагноза, или ви дадат тотално погрешна дијагноза со цел да купувате и пиете разно-разни антибиотици од кои си ги полан џебовите, а вам никако не ви помагаат. На крај одите на хемотерапија или на операција по што умирате.
Покрај тоа што сакам да ги спасам кутрите животни кои не го заслужиле ова што им го правите, сакам и вам да ви го продолжам животот, но Ок, и во времето на Исус тој не бил сфатен како што треба и го распнале, па ете и ден денес му се радувате, така и вие ке го сфатите ова некогаш но ке биде предоцна за било што, или пак нема да го сфатите и ке си заминете прерано .. жал ми е искрено за вас со ваквите размислувања (мада сумњам дека се ваши лични, туку наметнати уште од мали години), уште одамна се разочарав од човековиот вид во кој нема тронка љубов и милост, но сега само го потенциравте тоа.

Еве ги пајажините во моето домче, си се веат слободно. Го собираат секојдневно поголемиот дел од прашината која што би требало да падне врз нашата манџа ;)

DSC_3485.JPG DSC_3487.JPG DSC_3494.JPG DSC_3496.JPG DSC_3498.JPG DSC_3500.JPG Отвори ја прикачената датотека 30117 DSC_3509.JPG DSC_3511.JPG DSC_3512.JPG
 
Последна промена:

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
@BioTrpe да беше така пајажината да собира прашина сите ќе бевме обвиткани во пајажини фала богу има мрзливи домаќинки ќе се сетеа на тоа но како и да е.
Убаво те разбирам и знам што сакаш да кажеш и на што се насочуваш но и ти и сите вие Вегани треба да разберете дека не сте вие тие кои треба да го менуваат светот, никој не ви го дал тоа право да бидете вие тие што ќе кажувате кој што смее да јаде. Не сакате да ги јадете животните не морате, јадете си тревки живејте во пајажини, прашини ваша работа никој не ви се меша во вашиот живот, но што барате вие во туѓиот? Ако можете да помогнете на некое животно помогнете, спасете го, но да ги омаловажувате сите што не размислуваат исто како вас, да ги правите убијци и не знам какви прости глупи луѓе е стварно крајно бедно за една разумна и паметна личност, а верувам дека сте паметни сите вие вегани. И извини што ве делам но просто вие самите се двоите и најверојатно сте горди на тоа.

Но светот, животот воопшто не функционира баш така како што вие размислувате. Недај боже да дојдете до некое такво дереџе без разлика на вашиот здрав начин на живот, болеста и проблемите не прашуваат кога да дојдат.

Мајка ми да не пиеше козјо млеко, да не јадеше кајмак и супа од телешки коски сега немаше да биде жива! И што требаше јас да направам да го изберам животот на козата, кравата и телето пред животот на мајка ми?
Кога ќе ви дојде проблемот до грклан тогаш сите погледи кон светот ви се менуваат.
Јас кучињата ги обожавам но на улица да ме нападне со голи раце ќе го убијам и нема да жалам ни малку!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and BioTrpe

Лошо размислуваш Ита, ако ние немаме право да се мешаме во туѓите животи тогаш што барате вие да се мешате во животите на животните и да одлучувате за нивниот живот од раѓање па до смрт, вие да одлучувате како тоа животно ке живее и како ке умре, притоа да се гордеете со неговата смрт?
Зошто мислиш дека е крајно бедно ако ве правам и нарекувам убијци и пишувам грди зборови за вас? Кажи ми тогаш како ги опишувате педофилите, дали ги наградувате или осудувате, или оние кои силуваат жени, или мажите кои ги тепаат секоја вечер своите жени?
Слободно дели не, бидејки се срамам што припаѓам на ваков мизерен вид.

Слабо си запознаена со веганството и пишуваш не зрели работи.
И јас сум бил сештојад како мал, оти така ме учеле ... како што и вас ве научиле, но и мене како и сите вас нон-стоп ме фаќале грипови, вируси, алергии, ме носеле на инфузии, инјекции, сум пиел антибиотици, но откако сум веган овие работи за мене се измислици.
Сто процентно те убедувам дека во болниците нема вегани, напротив преполни се со сештојади ..

Сме имале секакви проблеми, и баш тие проблеми не натерале да размислуваме од друга перспектива, поинаква од онаа која не учат родителите или усраниот образовен систем, така да кога би дошол некој здравствен пробле до грклан само ке не натера уште толку да го појачаме овој начин на живот дури и посилно отколку што во моментов живееме (но тоа би не чинело некој денар повеќе, па затоа не одиме до крај).

Во ред е тоа што ако те нападне ке го удриш и ти, истепаш, убиеш, но чекај малку .. како тоа ги обожаваш кучињата а од друга страна јадеш кози и пилиња ?
Како можеш едното да го сакаш и чуваш, другото да го силуваш, убиваш и јадеш?
Во претходниот пост ти споредив со холокаустите на Хитлер и холокаустите за животни, овој пат ке ти споредам со расизмот и (Спишисизмот - дискриминација по видова основа). Нели не е Ок да си расист, да ги делиш и мразиш луѓето според раса, тогаш зошто е во ред да ги делиш животните според вид, секое животно е дел од заедница која ја делат со нас, припаѓаме на ист дом, волшебен дом наречен природа, во која си владеат нејзини правила и кај и да е човекот ке исчезне како вид, дојдени сме најкасно тука, направивме доволно штета, и ке си одиме најскоро.

-Инаку она околу пајажината беше на шала спомнато, но и ти како и @existence се фаќаш за делчето кое има најмала улога во текстот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo