Делење на деца во семејството

Believe

Активен Член
30 јануари 2013
108
141
43
Инаку сите сме запознаени со следниов случај во едно семејство каде што има 2 деца машко и женско родителите двајцата родители на пример го сакаат само машкото дете и му даваат 70 % на него се од пари до купување на облека до пружање на љубов и слично а на другото дете го занемаруваат на некој начин или пак ги двојат децата. Поентата ми е како ова да се реши овој проблем да го наречам бидејќи според мене е доста сериозно ... бидејќи форумов има доста членови верувам дека барем има 2-3 члена вие како се справивте со ова и како сеуште ова го поднесувате? :)
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Никогаш не не делеле со сестра ми.Што таа има-тоа и јас.Ни помалку ни повеќе.Ако моите немаат да го купат тоа што го сакаме и двете т.е ако имаат пари да ми го купат само мене.Тогаш нема да ми го купат,затоа што јас и сестра ми сме му нив исти.Исто не сакаат,нема потреба од таква поделба.
Ех,сеа за темава.Сведок сум на многу случаеви каде што на машкото повеќе му удоволуваат отколку на женското.Остави ти сине,таа ќе го раскрене тоа.Мислам дека тоа е многу неправилно и ќе влијае во понатамошниот живот на двете деца.
Овој проблем ќе се реши така што родителите ќе идат на психијатар :D .Или пак нека земат некоја книга за да се едуцираат како да ги воспитуваат децата.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Абе бате , ти колку си сигурен во овие "аргументи"? Теоријава ми изгледа излишна, патриархизмот и традицијава изумре заедно со другар Тито.
Во денешно време не постои дискриминација на полови, поготово на своите чеда...барем тоа се дешава во моето општество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and lady_blue

Believe

Активен Член
30 јануари 2013
108
141
43
Абе бате , ти колку си сигурен во овие "аргументи"? Теоријава не ми изгледа излишна, патриархизмот и традицијава изумре заедно со другар Тито.
Во денешно време не постои дискриминација на полови, поготово на своите чеда...барем тоа се дешава во моето општество.
Сакаш да ти кажам дека има и делење? и тоа чист пример? јас познавам личност на форумов каде што во нејзиното семејство ја делат :) не сакам да ја цитирам сега но ако сака нека пише :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
:) Неможам да зборувам за туѓи семејства.
Јас од страна на мајка ми никогаш не сум почувствувал дека сум одделен, или дека сум повеќе „сакан“ од сестра ми. Секогаш сме имале некој баланс. Јест да со сестра ми секогаш повеќе се караа, ама тоа само затоа што сите белји што се случуваа беа направени од неа. Таков и’ беше темпераментот. Е, со неа се караше за тоа, со мене се караше за мојата повлеченост и се’ така.
Таков пример имав, таков однос продолжувам во мојов „стаж“ - ако може да се нарече така, сепак е премногу скромен, едвај 2 години :). Не ги делам дечињата, не ни планирам да ги делам, затоа што неможеш да делиш сопствено дете. Не ти дава душата - барем мене не ми дава.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
И тоа како постое делење на децата!
Да се разбереме,пред некој да ме нападне дека секогаш постое исклучок,да,постое исклучок иако повеќето од луѓето кои што ги знам имаат омилено дете.Донекаде важи тоа дека на машкото по му се попушта,женското да не речам како туѓе дете да е(сведок сум на тоа,ги имам неколку случаеви во семејството).Не знам дали моето семејство е старомодно,али така е. Втора работа,не само омилени деца,туку имаат и омилени внуци.Еве јас со моите братучеди и баба ми(мајка му на татко ми).Кога сме заедно,што и да се случи јас сум постариот тие се помалите(иако братучетка ми е осмо а братучед ми четврто оделение,тие засекогаш ци останат "мали се,остави ги").Ако јас побарам за нешто пари-ти тука идиш само за пари.Ако тие побарат пари-баба одма ќе ви даде.Секогаш кога и да отидам кај баба а таму се тие,таа секогаш наоѓа начин да ме избрка, дали ќе почне со провокации,дали ќе проба да ме скара со братучетката(иначе таа е јак темперамент и одма тензија,нервози и викотници на сите страни)или едноставно ќе рече вие горе,ти долу.Друга работа,ако сакам да донесам некој пријател таму,одма вакви се твоите пријатели,накви се,пушат цигари,некултурни,почнува да прашува некои глупости само колку да ги натера да си заминат,а ако и тоа не успее почнува да ми вика за пријателчево да се почувствува незгодно и да си замине.Се разбира,тоа не е случај со братучедите.Можат да донесат кој сакат,колку време сакат и прашањата:баба да ви направи палачинки?ај питај дали сака да ви направе тост баба?а сокче некое?имам и милка,сакате?Трета работа,јас не смеев да донесам ни куче,ни маче и риба ни ништо како помал.Баба е стара не може да гледа домашно милениче и шо ти знам јас таму.Братучетката донеси куче-го согазија,донеси маче-се изгуби или не знам што таму,сеа донеси пак друго маче-никому ништо.Баба одеднаш ногу почна да сака мачиња.Со дедо,истата приказка.Како помал никогаш нема да заборавам,дојдов од школо кај нив и нешто почнав да плачам и он фана ме затвори во подрумот,откако добро ме изнатепа. Имам трауми од детството,ама океј за тоа не го обвинувам него,туку тато.Зошто дедо не може ни рака да крене на братучедите иако имало многу такви случаеви кога бил во можност да удри(братучедот со раце намачкани ерокрем залепи на ѕид,целиот ѕид се ошлака,братучетка ми со другарка нејзина да фане да се потпишуват на вратата(во дневната замисли еј!)помина само со тоа дека ќе биде кажена на мајка и.Али да,ако дедо крене рака на нив,тета има да го убие.А мене може секако да ме малтретира,тато и онака А не смее да каже.Ете ви друг случај за делење на деца во семејството.А да и последниов случај со дедо и братучедот,среќаваме некој пријател на дедо и братучед ми:
-Абе,шо праиш муабет со овој смрдлото?Ќе ти се наруши угледот!(ова му вели на другар му на дедо,за дедо)
Извинете ако отидов малку офф топик,модератору ако претерав слободно избриши мислење.Толку од мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Jас се сеќавам како мала,и дедо ми,живееше во друга држава и кога ќе дојдеше тој секогаш на брат ми му купуваше се,и му даваше пари, :^) а на мене и сестра ми никогаш,велеше ти се туѓа куќа (worried) .А родителите никогаш не не делеле,ако на едниов му дозволиле и на другите ќе дозволат...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
13
3
34
Мене и сестра ми не не двојат секогаш гледат подееднакво за двете. Таа е поголема од мене и учи во друг град и нормално е да и пуштат некоја пара повеќе, има поголеми потреби, сама се грижи за себе, сама си готви,. Кога ке си дојде повеќе нежност и љубов и пружаат нејзе што е нормално, бидејќи не ја гледаат недела две па и повеќе. Во оние семејства каде постои делење можеби родителите тоа го прават несвесно најдобро е оној кој се чувствува одвоен да разговара со родителите, да им каже дека се чувствува одвоен.Родителите ни укажуваат на грешките но и ние некогаш треба ним да им укажеме дека грешат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: beautifull liar