I'm on a highway to hell

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Приметувам во последно време луѓево се „преплавени“ со чувства. Сигурно секој од вас приметил, а може и е дел од оние кои постојано на facebook статуси опишуваат чувства. Епа сакав за момент да станам еден од нив и да опишам едно чувство. Чувството кога грешиш, но не случајно! Чувството кога знаеш дека грешиш!


Чувството кога си свесен што правиш, колку е тоа погрешно, ги знаеш последиците, но сепак го правиш тоа. Мене ми се допаѓа тоа чувство. Мозочната активност во тој момент е голема, дозата на адреналин во телото постојано расте, срцето бара пат низ градите за да излезе, се додека не дојде моментот кога се „исклучуваш“, не размислуваш, туку инстинктивно го правиш она што си го наумил. Е тоа чувство е чувство за почит! Е, потоа доаѓаат последиците и не секогаш е сеуште интересно. Дообро, се е до човекот, има разлика од човек до човек. Нормално, не треба да се претерува, да се внимава на некоја си граница и да се обидеш да не предизвикаш некоја поголема штета на самиот себе, на луѓето околу тебе, на некое трето лице или пак на околината, но како би било сите да бевме така фини и добри, културни и прибрани и да живеевме живот по правила наложени од некој друг? Сигурен сум дека ќе беше премногу досадно. Живот со строги лимити, boooooooring! Границите си постојат, но мора барем мааалце да се „цапне“ од другата страна на линијата, да се осети она што го објаснував на почетокот, па сеа ако тоа ве прави лош човек, тогаш добрите луѓе сигурно се изумрен вид.

Тука би ги вметнал и гревовите, како грешки со умисла. Колку пати секој од вас посегнал по нешто што представува грев, изговорил или барем помислил „ќе горам во пеколот заради ова“, но сепак го сторил? Доколку има некој негрешен, баш би сакал да ме исконтактира и да поминам 24 часа во негово присуство, да видам како е да се биде „чист“. Па незнам дали би било интересно да бидеме сите „чисти“, па и не е џабе измислена онаа нашата „во рајот е ок, но во пеколот е забавата“. Се согласувам, потполно сум сигурен дека би сакал да го преземам тој ризик, вечност во пеколот, доколку гревовите, па дури и оние ситни, навистина таму водат.

Искрено, јас лично па и не верувам во рај и пекол, небеско царство, гревови како shortcut-и до пеколот и слично, но доколку навистина постојат овие работи, пеколот не ми бега. Охоооо, сигурен сум дека веќе имам загарантирано место таму и само на мене се чека. Луци со душа ме чека и си ги трие рацете на секој мој нареден грев, поместувајки ми го столчето се поблиску и поблиску до огнот. Барем јас ова вака си го замислувам. Да не се разбереме погрешно, станува збор за оние помали, поситни, гревчиња, кои ги правиме секојдневно, некои помалце, некои повеќе. Па добро, можеби и малце поголеми, но да се разбереме, почитувам шест од десетте божји заповеди, но не затоа што така налага библијата, едноставно, се сложувам со истите.


Различни религии, различни богови, различни верувања, различни правила, но што е навистина правилно? Сите им даваат различна важност на различните правила, никако неможат да се усогласат и да решат што е навистина правилно, а што не и да создадат некоја хиреархија на тие правила. И сите се борат да го наметнат тоа што нив им одговара и така до недоглед. Ма баталете ги сите и тие се обични смртници, што се тие, а не се другите па да налагаат некои глупости, правете што ви се прави, не предизвикувајте туѓа штета, но гледајте да бидете задоволни, фокусирајте се на важните работи во животот, но понекогаш преминете ја границата и направете нешто навистина глупо, грешно и без целно. Пробајте се, пронајдете ја вашата граница и обидувајте се да ја проширите, но кога ќе дојдете до работ по кој дефинитивно следи бездна од која нема излегување, е тогаш дефинитивно морате да застанете и да се помирите дека следниот чекор е премногу опасен. Е сега ако сте премногу снаодливи и упорни па успеете да изградите мост кој ќе ве однесе до некоја друга рамна површина, тогаш сте навистина незапирливи и би било апсурдно некој да се обиде да ве сопре.
Живејте брзо, но внимателно, грешете, но не наштетувајте никому, не размислувајте премногу „што потоа?“, верувајте во себе, создадете свои правила и живејте по нив, па кој знае, можеби ќе најдете и следбеници! Уживајте!
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
сум го имала тоа чуство многу пати, и како што кажа адреналинот коа расте е тоа е баш интересно, плус и интуицијата те тепа, и знаеш дека е погрешно ама сепак ќе го направиш она што си го наумил :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Муабетот ти беше да се има повеќе авантура зашто примерното однесување е досадно така му доаѓа некако муабетов
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
абе депресија ги фајќа младиве како колера
абе бидете среќни што сте здрави и прави :pusi
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Различни религии, различни богови, различни верувања, различни правила, но што е навистина правилно?

И јас го имам сличниот став спрема ова. И навистина, ме нервира широката маса на луѓе кога ти кажуваат што е правилно, а што не. Како можат да одлучат?! Само поради тоа што се МНОЗИНСТВО? Не мора да значи дека ако се мнозинство дека се во право, БУЛШИТС.
Еве, јас имам свој свет, свои правила и свои норми, догми и си терам според нив, не ме интересира демек „правилното’’.
И да, авантурите се навистина битни, не мора да значи дека со тоа нема да имаш примерно однесување, туку дека ќе се забавуваш без да наштетеш на некој. Јас не подразбирам авантура као да ги навредуваш другите и слично..
Како и да е, ти ги прочитав и другите колумни и супер си, терај напред ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho and Scars31