Бидејќи сум таква личност што за да раскинам треба да дојдам до точка на потполна рамнодушност, поклоните после тоа не ми се битни какви се и од кого се, ниту па сликите. Не ми сметаат, не ми будат никакви чувства, така да сеедно ми е што ќе биде со нив. До сега не сум фрлила ништо, како што кажав не ми сметаат. Ги гледам само како предмети, украси... Имам од едниот бивш преубави обетки, а од другиот часовник и си ги носам исто како сама да сум си ги купила.
Кога ги ставам не ни помислувам кој ги купил. Безобразно можеби од моја страна, али шта је ту је.
Оние спомени со кои не можам да сторам ништо се во главата и срцето. Да се разбериме тука веќе станува збор за некој што ми значи сеуште, а не за бившите кои сум ги испратила во....