Кои сме?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
.
“Tell me who admires and loves you, and I will tell you who you are.” – Antoine de Saint Exupѐry
.
Колку вистина има во ова?
Дали тоа кои и какви се луѓето кои нѐ сакаат, на некој начин нѐ дефинира и одредува нас, односно одредува кои сме и какви сме ние?
Или пак за тоа кои и какви сме ние, повеќе зборува, ајде да го речам фактот, кои и какви се оние на кои ние им се восхитуваме, ги почитуваме и ги сакаме?
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Mi smo, koi smo, tija smo, super smo! : )
ja sam valjda opusHten klinac, uvek nasmean, raspolozen za druzbu ss ogled na toj deka mnoo ljudi me prifakaf mene i moi zaebancie i moj ednostavan staf i pogled sprema stfari (lol i sam ne se sfati sHto sakam da kazu, ustfari sfati se sk dok pisHuju u zagradu) : )
valjda sam super cHim puno mi vikaf kaj si DarcHe : ) ss blag osmeh na facu : )
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мислам дека и двете теории до некаде се вистинити. Се случува, тој што не сака не гледа на одреден начин и да обожава некои работи кои можеби не сме забележале дека ги поседуваме, и поради тоа, на некој начин тие не одредуваат какви сме. Но исто така и обратно. Восхитувањето на одредена личност не дефинира какви сме, најмногу според она "тој што тебе те привлекува на било каков начин, не значи дека и мене ме привлекува", зошто јас можам на еден да му се восхитувам, а ти да го презираш, и обратно. Сето тоа, поради фактот дека сме "некакви", односно тој восхит кон некого не дефинира какви сме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Тоа што го спомна lady_blue е само еден мал дел од личноста која не` дефинира како таква. Прашањето не е само на “кого“ туку и на “што“. Тоа неШТО е рецимо каква музика се слуша, дрес кодот итн. НЕ во смисла на индивидуа туку во смисла на кругот - општеството. Истотака смешно е да се дефинира човекот според тоа кој го сака. Човекот, точно е суштество кое подлегнува на адаптација, но ако сам се повинува на тоа што кои луѓе го сакаат тој е еден вид на личност без сопствени критериуми, ставови, итн. Исто како ептен искомерцијализирани бендови кои свират тоа што публиката сака, како сака, без притоа да вметнуваат сопствен стил. Мора да се има цврсто тло, затоа што вака човекот се губи, ги губи своите способности за расудување, перцепција.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Тоа што го спомна lady_blue е само еден мал дел од личноста која не` дефинира како таква. Прашањето не е само на “кого“ туку и на “што“. Тоа неШТО е рецимо каква музика се слуша, дрес кодот итн. НЕ во смисла на индивидуа туку во смисла на кругот - општеството. Истотака смешно е да се дефинира човекот според тоа кој го сака. Човекот, точно е суштество кое подлегнува на адаптација, но ако сам се повинува на тоа што кои луѓе го сакаат тој е еден вид на личност без сопствени критериуми, ставови, итн. Исто како ептен искомерцијализирани бендови кои свират тоа што публиката сака, како сака, без притоа да вметнуваат сопствен стил. Мора да се има цврсто тло, затоа што вака човекот се губи, ги губи своите способности за расудување, перцепција.
значи сепак го дефинираш, како личност без сопствени критериуми, ставови итн, затоа што сите го сакаат. А сите го сакаат зашто се обидува на сите да им угоди и според сите да се адаптира. И заради тоа е личност без сопствени критериуми. Затворен кругот.
Да се има цврсто тло. Значи суштината. Дрес кодот и вкусовите можат да се сменат. Но суштината не се менува така лесно, ако воопшто се менува.
Ако сакам личности кои се бунтовни, самоуверени, па дури и самобендисани, тоа мене ме одредува на два начини. Или сум и јас таква, или сум сосема спротивна, па се надополнувам.
Анализирајќи се себеси, би рекла дека сум спротивна на тие што ги сакам. Во нив си наоѓам рамнотежа.
Но, имаме и карактеристики кои се можеби малку на број, но се битни, и целосно ни се совпаѓаат.
Анализирајќи ги тие што ме сакаат, повторно доаѓам на истото. Спротивни на мене. Во мене си наоѓаат рамнотежа. Но и карактеристики кои ни се совпаѓаат.
Спротивностите се во однесувањето. Совпаѓањата се во поимањето. Спротивностите се во изразувањето. Совпаѓањата се во видувањето. Споритвностите се во одлучноста. Совпаѓањата се во чувствителноста.
Кога би се обидела некако да сумирам, би рекла дека спротивностите се во манифестирањето, а совпаѓањата во доживувањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Според мене сето тоа е еден круг. Од тие на кои им се восхитуваме да сме различни но несвесно си ги "впиваме" особините кои што ни се допаѓаат или сеедно вкусови за облекување или музика итн итн. Па на некој начин не одредува како личност, но исто така и луѓето кои што ни се восхитуваат нас и тоа до негде не одредува. Сето тоа е поврзано.
Барем за мене јас само во една личност си ја наоѓам рамнотежата, на која што вистински и се восхитувам.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Колку што има вистина во двете , толку има и невистина. Па јас би рекла по малку и од двете. Луѓето кои не сакаат да, не дефинира нас до некоја одредена граница, според нашите постапки и гестови, но сите тие луѓе горе- долу се со различен карактер. Некои од нив е темераментен и агресивен друг пак , повлечен и срамежлив па така не можеме да перцепираме од тој агол. Од друга страна, ние можеме да сме такви како тие што ги почитуваме и сакаме, зошто се слични на нашите погледи и ставови но не мора да значи дека секогаш ќе е така. На некој човек можам да му се восхитувам поради храброста или трпеливоста а јас да сум сосема спротивно од тоа, стравот исто така преизвикува почит како и нашата субјективна перцепција предизвикува да сакаме некоја личност која ни се допаднала на некој начин а сепак е различна од нас. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Какви сме? нашите постапки зборуваат
(y) токму така, ние сме тоа што го правиме, а не не дефинираат другите како што кажува воведот: тие што не сакаат и тие ние што ги сакаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
(y) токму така, ние сме тоа што го правиме, а не не дефинираат другите како што кажува воведот: тие што не сакаат и тие ние што ги сакаме.
карикирам:
се среќаваме ти и јас, прв пат
јас сакам човек кој ти го познаваш, но не го поднесуваш
незнаеш што и како правам, односно сум направила
знаеш што и како правел и прави тој што го сакам
според твоите видувања, него го дефинираш како негативна личност
за него имаш доволно информации, за мене само дека го сакам
дали можеш да ми кажеш каква личност сум јас?