Кои сме?

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
карикирам:
се среќаваме ти и јас, прв пат
јас сакам човек кој ти го познаваш, но не го поднесуваш
незнаеш што и како правам, односно сум направила
знаеш што и каков правел и прави тој што го сакам
според твоите видувања, него го дефинираш како негативна личност
за него имаш доволно информации, за мене само дека го сакам
дали можеш да ми кажеш каква личност сум јас?
Личност која ке се заљуби на прв поглед :giggle
Не можам да имам некое мислење за тебе според тоа ти кој го сакаш, тоа може да биде само површно мислење, а за вистински да знам каква си и што си треба да те знам и да сум со тебе подолго време
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Сметам дека не можеш да одредиш кој е некој според тоа кој него го сака или кого тој сака.
Ете, Лејди блу даде погоре еден пример, а јас ќе пробам да се надоврзам на него.
Таа е заљубена во една, според мене, негативна личност. Не значи дека и таа е негативец.
Таа него го сака од нејзини причини, кои само таа си ги знае. Можеби и таа го мрази негативното кај него, но го сака бидејки го открила и позитивното. Можеби тоа преобладува кај него, но ете за мене е обратно.
Значи, кого јас сакам не зборува и каква сум јас.
Но, исто така кој мене ме сака не зборува каква сум јас.
Можеби некој во мене видел само едно нешто и тоа го натерало да ме сака или да ми се восхитува.
А додека некој друг видел нешто негативно и тоа го тера да ме мрази.
Од друга страна, можеби некои комплетни негативци во нас виделе нешто и ни се восхитуваат. Дали тоа значи дека и ние сме негативци?
Според мене, не значи.
Кои сме, што сме, што сакаме, какви сме зборуваат нашите постапки, нашиот однос, а не кого сакаме или кој не сака...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
карикирам:
се среќаваме ти и јас, прв пат
јас сакам човек кој ти го познаваш, но не го поднесуваш
незнаеш што и како правам, односно сум направила
знаеш што и како правел и прави тој што го сакам
според твоите видувања, него го дефинираш како негативна личност
за него имаш доволно информации, за мене само дека го сакам
дали можеш да ми кажеш каква личност сум јас?
Општо земено со сета вклучена логика - не.
Но јбг предрасуди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Личност која ке се заљуби на прв поглед :giggle
Не можам да имам некое мислење за тебе според тоа ти кој го сакаш, тоа може да биде само површно мислење, а за вистински да знам каква си и што си треба да те знам и да сум со тебе подолго време
Вистински? не. Нема вистина во сопственото мислење. Вистината е во 1+1=2. Ама тоа е сосема друга тема.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Вистински? не. Нема вистина во сопственото мислење. Вистината е во 1+1=2. Ама тоа е сосема друга тема.
Можи ќе те однесам сега малку офтопик, ама ме интересира. Како тоа нема вистина во сопственото мислење? :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Можи ќе те однесам сега малку офтопик, ама ме интересира. Како тоа нема вистина во сопственото мислење? :)
Се` што е туѓо мислење не е комплетна вистина.
Еве рецимо јас мислам дека ѕидот е бел. Но од твоја гледна точка (можеби затоа што имаш подобар осет за вид) сметаш дека ѕидот е жолтеникав.
Се` што е туѓо мислење не е целосна вистина. Но 1 + 1 = 2. Тоа никој не може да го порекне.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
.
“Tell me who admires and loves you, and I will tell you who you are.” – Antoine de Saint Exupѐry
.
Колку вистина има во ова?
Дали тоа кои и какви се луѓето кои нѐ сакаат, на некој начин нѐ дефинира и одредува нас, односно одредува кои сме и какви сме ние?
Или пак за тоа кои и какви сме ние, повеќе зборува, ајде да го речам фактот, кои и какви се оние на кои ние им се восхитуваме, ги почитуваме и ги сакаме?
Некоја личност ја сакаш, почитуваш и цениш. Тоа кажува многу за твојата личност и карактер. Оние кои ги почитуваш и цениш, веројатно поседуваат некоја карактеристика која би сакал да ја поседуваш и ти. Онаа личност која ја сакаш е склоп на особини кои ти одговараат на твојот склоп особини. Со добра анализа ова говори мнооогу за твојата личност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and lady_blue

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ние сме се, освен случајни минувачи низ оваа патека наречена живот!
Ние сме се, освен обични!
Ние сме се, освен еднолични!
Ние сме се она што сакаме да бидеме, и се она што сме. Ние сме реалност и илузија, ние сме моментални и вечни!
Ние сме се она што не може да се види додека стоиме пред едно огледало!
Ние сме ние, и ние сме тука затоа што нашето присуство на овој свет е од огромно значење. Дали сме ја измислиле електричната енергија и лекот против ракот, или пак сме научиле 10 деца да ја пишуваат азбуката, и работиме на шалтер помагајќи им на луѓето да ги исплатат сметките, сеедно ВАЖНИ сме!! Кога ќе ја научиме тежината и одговорноста од тоа да се биде човек, тогаш ќе знаеме кои сме:)
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
сечија перцепција за нас е различна, на тоа не влијае само нашето однесување/нашиот карактер, туку и нивниот (пр:ако личноста 1 е многу срамежлива, а личноста 2 ептен опуштена - прецепцијата на личноста 1 за 2 би можела да биде дека е премногу хиперактивна и нападна... но, ако друга личност 3 не е толку срамежлива, нејзината перцепција за личноста 2 ќе биде дека е друштвена и комуникативна личност) ...е сега пак, перцепцијата на личноста 2 за самата себе би можела да биде комплетно поразлична од другите две..
најчесто луѓето тргнуваат од себе кога запознаваат друга личност, сите информации кои ги восприемаат се споредени со сопствениот идентитет па така ја креираат сликата за другиот (*јас во таква ситуација би постапил така-затоа тој сигурно е таков и таков бла бла..),многу потешко е кога запознаваш некој сите информации да ги доживуваш со отворен ум - не врз сопствениот разум/искуство, навлегувајки подлабоко во неговата психа за да ја откриеш причината за таквото однесување или таквата карактерна особина,- “да се ставиш во негова кожа“..
можеби она што ние го сакаме/му се восхитуваме многу повеќе кажува за нас, меѓутоа и тоа на некој начин им создава различни перцепции на другите за нас, така што на некој начин се вртиме во круг и пак доаѓаме до она дека ниту една личност не може да биде комплетно дефинирана.
нема некоја јасно обележана граница меѓу сите спротивности, светот не е поделен ма добар и лош, убав и грд, луѓето не се само злобни или добродушни, пријатни или неподносливи.. сите тие карактеристики се испреплетуваат... ако наивноста за мене е добра особина за некого не е, ако јас не слушам турбофолкот друг ужива, не можеме се да поделиме на црно и бело, секогаш тоа сивило е некаде потемно а некаде посветло во однос на сопствениот идентитет