Немам еден омилен, имам неколку...
Бидејки читам секаков вид литература не можам да се ограничам само на еден омилен автор. Во различните жанрови различена втор ми е омилен.
Од чик литературата би ги издвоила:
Софи Кинсела и Линдзи Келк.
Кинсела поради продолженијата за Купохоличарката, ги имам прочитано и ми спаѓаат во омилени книги. Едноставно ми се допаѓаат.
Линдзи Келк „ја запознав“ со трилогијата „Го сакам....“ Интересни, полни со авантури и доживувања, лесни за читање...
Доволно за авторки на чик литература да ми станат омилени.
Од писателите на крими романи дефинитивно
Агата Кристи. Нема да издвојувам ниедна книга, само ќе речам дека се фантастични. Одлично напишани и непредвидливи. Книги кои држат внимание до крај...
А како најмаестрален автор на мистерии и воедно на врвтот на листата на омилени кај мене,
Карлос Руиз Зафон.
Сум пишувала на форумов за него и за неговите дела и во други теми и мислам дека тие мислења доволно зборуваат зошто јас му го придавам епитетот
маестрален...