Денес дојде весникот (најчесто земам Вест) и прво нешто што одма се фатив е крстозборот да земам да решавам секоја сабота тоа ми доаѓа како занимација и налетав на виц за вечата борба меѓу снаии и свекрви што ми даде идеа за тема..
Си биле снаа и свекрва и се шетале по пазарот. Свекрвата здогледала некој домати и и рекла на снаата:
- Снао види што убави домати да ги ставиш во уста да не ги извадиш.
Поминале покрај гробишта и снаата на свекрвата и рекла:
- Свекрво види гроб да легнеш да не станеш.