Црн Петок за Македонија!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Јас незнам зошто протестираат, кога се уште не е утврена националноста од убијците.
А и да се албанци, ова не е начин. За тоа постојат закони во Р.М, и секако дека ќе бидат казнети.
Не треба некој да се меша, каде што не му е работа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
ЛЕБ И СОЛ НА РАНА
- Ете го гледаш ова во Македонија. Нели стално ти викам дека не може тоа така, дека и таму не може а да не пукне?!
- А што тоа не може а да не пукне?

off.net.mk-5985.jpg

- Па тоа што пукна и во Хрватска, и во Босна, и на Косово...Кога луѓето веќе не можат заедно, тогаш мора да пукне. А гледаш дека Македонците и Албанците веќе не можат...
- А ти ги познаваш сите Македонци и сите Албанци, и сите тие ти рекле дека не можат заедно?
- Какво е тоа глупо прашање? Па никој не ги познава сите Македонци и сите Албанци...И зошто би морал да ги познавам за да заклучам дека тие не можат заедно?!
- А познаваш ли барем еден Македонец или Албанец?
- Ја познавам ситуацијата. Ја следам на телевизија, читам во весници. Неодржливо е тоа. Пази, некој убива четири македонски момчиња на рибарење, и уште ликвидира некој петти, како сведок, а сите веднаш знаат дека сторителите се Албанци и почнуваат напади на албански села...
- Кои се тоа сите? Никој ништо не знае, ниту пак сите мислат така.
- Но главно има сомнеж...
- За непознати сторители од албанска националност? И тоа ти е тебе логично и разбирливо?
- Нема во овие работи ни логика ни разум.
- Мислиш: нема ништо друго освен неизбежното пукање?
- Ако ова што се случи не е доволен доказ, тогаш јас стварно не знам што треба за да ти стане јасно. Гледаш ли ти, читаш ли што зборуваат тие луѓе?
- Еве баш сега читам како една Албанка на чијашто куќа ги искршиле прозорците, ги моли новинарите да не го сликаат тоа. И уште вика дека ги разбира луѓето кои го направиле тоа, и дека не им се лути.
- А таа демек не разбира дека прозорците и' ги искршиле Македонци, и тоа само затоа што е Албанка?
- Таа разбира дека тоа го направиле луѓе кои зовреле заради злосторството над момчињата. И самата вели дека длабоко жали заради смртта на недолжните луѓе. И дека ги моли новинарите да не ги фотографираат скршените стакла на нејзината куќа, затоа што не сака таа трагедија да се злоупотребува.
- Велиш: жали за смртта на недолжни луѓе. Па и таа е недолжна. И неа треба некој да ја жали.
- Па баш затоа што е недолжна, таа не сака да ја жалат тие што во знак на жалост би нанеле зло и неправда на некои други, недолжни луѓе.
- И ти сега од неа правиш херој?
- Не. Затоа што неа не ја интересира од неа да се прави било што - ни херој, ни жртва. Ниту пак би сакала за нејзините прозорци да се грижат оние што би кршеле било чии стакла.
- Само ти затворај ги очите пред стварноста...
- А таа жена според тебе не е реална?
- Не велам дека не е, но вистинската стварност ти е, еве, овде - на етничката карта на Македонија. Ова портокаловото, гледаш, тоа го држат Македонци. Ова тука, не знам што боја е ова, ни сиво ни розево, тоа ти се Албанци. Овие две окер флеки, тоа се Турци. А ова плавово..Јеби га, во Јутарњи не пишува кои се овие плавиве, но покриваат поголема територија од Турците. Но кои и да се, тука нема мир...
- Тоа плавото, тоа се езера.
- Не трескај глупости! Какви езера на етничка карта?
- Охридско, Преспанско и Дојранско.

Предраг Луциќ

Извор: http://off.net.mk
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
http://ohridpress.com/index.php?opt...52-18&catid=37:2010-02-13-14-16-59&Itemid=115
Мирен собир без инциденти со кој воедно изразија и сочуство и жалење за починатите...
Вакви собири треба да има низ сите градови, а не да се организираат протести притоа не знаејќи против кого протестираат и да се создаваат немири...
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Кој знае што се случува во МВР, народот е оставен без информација. Не знам дали си ја работат работата на решавање на слуајот или на негово прикривање како би се спречиле понатамношни инциденти?!:|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VULKAN-PEPEL

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Наслушнав муабет дека се криело за вистинската смрт на децата само да не се крене тензија,зар е можно да се крие тоа?
Наводно дека не биле само пукани:eek
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Добро си слушнал не биле само пукани биле и малтретирани,мачени.А мислам дека и тешко да ги кажат виновниците.Ќе сокријат уште информации
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VULKAN-PEPEL

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Да јас колку што разбрав биле сечени со нож.
Затоа викам ова е неправедна држава,бидетет сигурни дека нема да ни ги кажат и да ги најдат