Непристоен предлог

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Како стареете сфаќате дека светот и не бил така розово место за живеење, сфаќате дека вродениот перфекционизам ќе ви донесе болка, и тоа не само на работното место, туку и во љубовта.
Кога живеете по чесни критериуми и давате се од себе да бидете совршен партнер сфаќате дека љубовта носи болка, а не секој победоносен план носи победа.
Еден од редиците „порази“ кои ќе ги почувствувате на своја кожа е токму мажот/жената кој се што ќе има да ви понуди вам е неговиот/нејзиниот непристоен предлог. Не се труди ниту да ве освои, ниту да ве излаже, единствено што сака од вас е секс!
ДРЗОК ПРИСТАП:
Најтрагично од се е тоа што ви го сервира со бесрамни зборови и дури е изненаден/а од вашата непријатна реакција.
Дали досега му функционирал/а тој дрзок пристап?Дали пред нив пагале 'жртви' по цена на нивната убедливост и сексипил?
Можеби кога им ја претставувале авантурата за една ноќ како нешто сосема нормално кое сите го прават, тие лекомислено поверувале во тоа, дали поради наивноста или сексуалниот нагон без разлика. Токму тоа нивно „да“ вам ви создаде Сизифови маки да објасните дека никогаш не би легнале со личност што не ја познавате доволно, спрема која се уште немате подлабоки емоции, а да не говориме за блискост, доверба или иднина.
Дали и колку често добивате вакви непристојни предлози?Дали тие предлози за вас се непристојни или веке го имате прифатено како нормална работа?Дали вие често давате вакви предлози?
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
се зависи од моментот и личноста ...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Беше тоа со Марина од Битола.........јаооооо.......
абе или џа или бу.....
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Море очи ми паднаа ко што ми се спие ми филозофираш пола саат, а зашто Сизифови маки или легнуваш или не.
На темите во играчница ич нема да се мачиш да читаш филозофии:),дур си сонлив префрли се таму(hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
На темите во играчница ич нема да се мачиш да читаш филозофии:),дур си сонлив префрли се таму(hug)
ме бркаш од овде а? од тебе очекував све па дури и непристоен предлог, ама ова...:frown
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
ме бркаш од овде а? од тебе очекував све па дури и непристоен предлог, ама ова...:frown
далеку од тоа дека те бркам :eek само предложив дур ми се расониш,и извини ама вистина не сум по непристојните предлози:),не дека е до годините ама никогаш не сум ги ни сакала
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Ужас...Нема нешто по глупаво...калсично непочитување на една девојка...па каква год она била....На таков сељак му се смеам у фаца и си одам....Никогаш не би имала ништо со дечко кој незнае да почитува ;)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Па речиси и да нема женско што не минало по улица а не добило сочен предлог.
Посебно пак ако живееш во мултиетнички град. Тогаш на секој чекор те очекува типац со Ој Козаро фаца, ред заби, ред промаја осмех, јуфка фриз и неодолива понуда за 10 евра. Не мора да си облечен провокативно, битно е што си женско.
Ако тие ги важиме за непристојни предлози.
Вака не, оти ако ми е поблиску ќе го зачукам, па ич не ми е гајле за последици или тоа како ќе изгледам пред другите и што истите ќе мислат. Имаше една ******** пред некои 3-4 лета, ние дечишта по 16-17 години, он над 30 и се залепил до нас лепотанот, имал он што да понуди, имал у Шмрицварска фамилија. Го измарширавме фино лепо, ама едната другарка си настрада, ја зграпчи за задник овој. Шупчина, не видел женско.
А богами има и женски што многу се нудат. Ни срам ни перде, ќе му појде и во гаќи ќе му се пикне ако наумила. Мизерии.