„Колачиња“ - фрагменти од Saladin

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
да ти кажам не знам што е полошо...мене лично и двете страни ме огорчуваат...премногу на срце си зимам некои работи а не треба :frown

ќе не караат овие пишувачиве :ladno многу муабет разврзафме :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Епа Saladin, овде чекаме уште фрагменти :)
п.с. ако имаш замерка за насловот на темата, ќе го сменам, само кажи како :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Seconda parte

Се разбуди. Гледајќи во таванот се присеќаваше на деновите поминати заедно со Феликс. Надвор беше студено, синоќешниот ненадеен снег се беше напластил по улиците, пречејќи им на луѓето слободно да се движат. Новата година само што не беше зачукала на портите. Вечерта беше пред нив. Ќе ја слават заедно. И другарка и` ќе дојде со својот партнер. Но и Виктор. Не се скараа. Сеуште имаше трошки од чувствата кои не можеше ни најгладната птица да ги исколва. Беше со Феликс, но потајно сеуште го сакаше Виктор. Феликс и` беше другар. Но само другар. Виктор беше сосема различно. Тоа беше тој, кого нејзиното срце го одбра. Седна на столчето во трпезаријата.
- Мама и тато ќе дојдат следната недела. - ја потсети Винченцо.
- Знам... - тажно го погледна.
- Зошто си таква? - ја праша.
- Каква?
- Безволна, натажена. Па нели ја најде љубовта од своите сништа?
- Така мислиш... Ја најдов... Но не е тој. Тој што го сакам...- Погледна надолу во земјата.
- Виктор?
- Да. Не можам да го преболам. - го прегрна, пикајќи ја главата во неговите пазуви.
- Во ред е... во ред е... Ќе се видите вечерва сите?
- Да. Виктор го одбра местото. Некое станче во периферија.
- Убаво да си поминеш. Со помалку глупи испади.
- Хахаха, фала за подршката. - му се насмевна. - Ти каде?
- Со друштво во еден клуб.
- И Лора?
- Меѓу нив и таа.
- Ти се допаѓа?
- Хммм што знам.... Убава е вака, ама сеуште не сум почувствувал нешто посебно кон неа.
- Аххх ќе биде... - го потапка по рамењата.

-Возбудена си? - ја прашуваше додека се приближуваа до станчето, каде ноќта ги чекаше. И Виктор.
- Не. - лажно го погледна.
- Не ми изгледаш така... - сомнително и` рече.
- Па некако... - запре.
- Што? - ја погледна продорно како да сакаше зборовите да и` ги исцеди од очите.
- ...не ми се оди. Сакав самите да останеме кај мене дома. - сеуште лажеше. Сакаше да види дали лесно ќе потпадне.
- А мислам дека подобро е со друштво. Баш ќе биде забавно. За сами ќе има друга прилика. - и` се насмевна.
- Но нели на почетокот се противеше? - проба да го испитува.
- Тоа за тогаш. Сега сакам да бидеме задоволни обајцата. - се фати.
- Ама јас не сум. - продолжуваше таа.
- Не мора да глумиш. - гласно се насмеа тој. - Се гледа...
- Што тоа? - го прекина.
- Дека ти е мило.
Тоа малку ја заниша внатре. Што ако откриеше тој? Со Виктор се запознаа откако таа сер врати тој ден плачејќи. Не му беше многу омилен Виктор. Се плашеше од него. Беше љубоморна личност. Единец. Можеби затоа. Едно знаеше Луција; таа не го сметаше повеќе од пријател. Љубомората и` беше одвратна кај него.
- Како сте ми? - им ја отвори вратата Виктор.
- Прекрасно. - му се насмевна. таа.
- Стигнаа и другите?- праша Феликс.
Ги очекувам. - ја затвори вратата, потпрен, со погледот вперен кон Луција. - Сакате нешто да пивнете додека да дојдат? - ги праша.
- Фала не, ќе ги почекаме, грдо е без нив да почнеме. - се смешкаше таа. Забележа како ја гледаше Виктор. Се судри со неговиот поглед. И` се појавија зрнца солзи на очите. Тој го тргна погледот натажено погледнувајќи во земјата. Го слушна ѕвонот на домофонот.
- Еве ги! - возбудено извика Луција.
Се собраа во дневната.
-Сега што ќе се напиете? - подбивно ги праша Луција гледајќи кон Виктор.
- Ми го земаш местото за бармен. - ја задеваше.
- Хах не се нервирај, ќе дојдеш на ред. - продолжуваше таа. Фабрицио го пушти музичкиот систем. Тој и Клаудија беа одговорни за музиката. Имаа голем избор. Сешто. Од хитовите што се вртеа по радиостаниците до големите евергрини. Луција беше задолжена чиниите со храна да бидат цело време полни. Впрочем знаеше доста брзо да се справи со тоа. Супер домаќинка. А Феликс??? Феликс беше забавувачот. Просто зрачеше со хумор. Знаеше од секоја ситуација да направи виц, да ги насмее луѓето кои го опкружуваат. Седна покрај Луција, гледајќи во нејзините привлечни сини очи.
- Си за еден танц? - ја погледна молбено, како кога кученцето го моли стопанот да му го наполни чиничето со храна.
- Попосле, рано е. - пробуваше да го одбие. Сеуште се немаа „фатено“. Беа само другари. Но Феликс различно милеше. Мислеше дека нејзиното срце му припаѓа нему. Се надеваше. Премногу. Ја погледна тажно. Со доза на песимизам. Се повлече.
- Не си ми јасна... - го прекина молкот што влаедеше меѓу нив двајцата. - Дојде тука да се забавуваш, така? Зошто не сакаш да играме? - беше малку груб.
- Гледаш дека некој игра? - се обиде да му објасни. Тој се обѕирна наоколу. Ги виде Клаудија и Фабрицио како го слушааВиктор додека тој им раскажуваше нешто.
- Извини што бев груб. - ја погледна со доза на вина, која се криеше зад неговите очи.
- Те сфаќам. - го допре за раката за да му ја ублажи болката. Почна да разговара со него за да не го остави отфрлен. Не беше злобна. Ни егоцентрична.
- Сакаш да ти донесам малку од мартинито? го допре за неговата рака која беше стегната како полумесечинка, држејќи ја чашата.
- Може. Ако ми правиш друштво. -и` ја подаде. Таа му ја одзеде гледајќи го топло во очите. Тоа го развесели него. Но само него. Таа длабоко копнееше по нешто друго. Но не сакаше вечерва да биде тотален хаос. Замина кај регалот полн со шишиња.
- Добро си поминуваш? - ја праша Виктор, кој во тоа време си налеваше пијалок. Тие зборови ја вратија во едно време. Првиот вкус на љубовта. Се сети на журката на која присуствуваше заедно со него. Бран од нежности ја погали по срцето.
- Да те лажам? - му шепна тивко.
- Дојди со мене. - меко ја повлече за раката. Скришно заминаа во бањата.
- Не сакав да не` види Феликс. - седна на плочките.
- Кажи. - го фати за раката. Почувствува силен трепет.
- Погрешив тогаш... Не требаше да ти свртам грб. Бев тотален идиот.
- За што збориш? - го праша таа како удрена. Но знаеше на што мисли.
- Те сакам. Отсекогаш сум те сакал. Не можам да си простам за тогаш како те испуштив од рацете. Се плашев. И сега се плашам. Но од друго. Се каам од дното на душата.
- Те молам - го прегрна силно. - И јас сеуште те сакам. Но не сакам него да го повредам. - солзи и надоаѓаа на очите. Радост. Тага. Возбуда. Му ги покри усните со нејзината дланка. Знак за нешто. Молба за прекинување на тортурата што и` ја вршеше. Или знак за чекање. Излезе прво таа од бањата. Се врати кај Феликс со пијалокот.
- Се задржа малку... ја погледна сомнително.
- Бев и до тоалетот, извини. - излажа.
Атмосферата се опушти малку. Фабрицио и Клаудија го скршија мразот. Почнаа да танцуваат на нивната песна. Го обожава Рамацоти. Луција му ја подаде раката на Феликс. Длабоко во себе чувствуваше неизмерна среќа. Ја сака. Виктор. Тој, кој ја нурна во бездната полна со солзи и непроспани ноќи. Го фати Феликс за рамото. Не штимаше нешто. Вмиг го сврте погледот кон Виктор. Тажен е. Но не и љубоморен. Само тажен.
- Ќе ми дозволиш попосле еден танц со него? - таа го праша Феликс додека тој беше во занесот на ритамот.
- Да. - потврдно Климна со главата. Не сакаше да се испокара со Виктор за еден украден танц. А па со неа - најмалку. Но почувствува мала доза на љубомора. Сепак ја отпушти од прегратките. Таа направи знак на Виктор да и` се приближи.
- Ќе може да ти ја позајмам дамата за момент? пријателски го замоли.
- Имаш време колку за една песна - на шега му дофрли. Знаеше дека ќе играат многу повеќе. Но тако беше. Шегаџија. Виктор ја фати за дланките и ја доведе на местото за играње. Таа го следеше секој негоб чекор. Ја фати за половината. Таа него за рамето. Другите две раце ги исправија споени меѓусебе. Танго. Играа страсно. Тој беше одличен, а и таа добро се држеше. Погледна во нејзините очи па во усните. Таа ја нишна кратко главата. Не смее. Феликс е тука. Клаудија беше свесна за чувствата на Луција кон Виктор. Честопати и` викаше да не превзема глупи чекори. Но сега и` беше многу мило за неа. Ја виде среќна по толку изминатото време во јадови.
- Мислам дека време е да се вратиш кај него. - ја погледна тажно.
- Но не сакам. - му шепна тивко.
- Те молам. - ја прегрна. - Направи го тоа за мене.
- Прекрасно танцуваш. - го бакна во образот.
- И ти. Секогаш ќе ми остане во срце овој танц. - ја прегрна цврсто.
Се оддели од него како што се искорнува нокт од својот прст. Седна на фотељата покрај Феликс.
- Мора да признам, убаво танцува. - промрморе Феликс.
- Да. Ама да заборавиме на тоа. - тажно погледна во земјата.
- Сакаш нешто да ти донесам? - нежно ја погали по рамето.
- Може сок од портокал со сосема малку вотка. - му ја подаде чашата.
- Веднаш. - ја зеде благо.
Таа воздивна. Сакаше да го врати времето назат. Требаше само да почека. Но немаше излез тогаш. Феликс ја воздигна од мртвилото. Тој и нејзината најдобра другарка. Не сакаше да го изневери. Повредата што не ја заслужуваше тој. Погледна кон Виктор. Што па тој толку ја измачуваше? Беше само обичен смртник. Не и` беше јасно. Си го поставуваше прашањето честопати. Се појави однекаде Феликс со чашата в раце.
- Ќе ти биде подобро... - и` ја подаде. Таа ја зеде и голтна еднаш.
- Фала. - изусти и го прегрна. Се опушти малку. Се трудеше да заборави на се` што се случуваше пред Феликс. Вкусувањето на усните на Виктор, танцот, па дури и мирисот на чоколадо. Сакаше да се испроба. Некој миг пред да се склопат стрелките на часовникот на дванаесет таа ја подаде главата кон Феликс. Сакаше да ги проба неговите усни. Можеби се крие некоја таинствена страст? Нему не му беше најјасно. Тогаш ги почувствува. Меки како перничиња, а во исто време цврсти. Ја бакнуваше пополека. Таа ја навали главата малку накриво. Го бараше јазикот кој беше затскриен во длабочината на устата. Го најде. Вкус на лубеница. Примамливо. Ја прегрна додека се бакнуваа.
- Среќна Нова Година - го чу нејзиниот глас.
- И на тебе. - ја помилува по лицето. - Прекрасен подарок.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Беше легната, покриена во прегратките на Феликс. Погледна во часовникот.
- Остани. - ја бакна во челото.
- Уште малку... - прошепоти.
- Дома одиш? ја погледна нежно.
- Морам - сврте со очите надолу. Лага. или страв да се сретне со неговиот поглед. Криење. Тајни скриени длабоко во неа. Го помилува нежно по образот за да ги одвлече неговите сомнежи. Тој сакаше да ја бакне. Мораше да глуми. Помина доста време од празниците. На почетокот таа веруваше дека целата претходност ќе исчезне. Веруваше. Но подоцна испадна скептик. Не го заборави Виктор. Не можеше. Тој беше оноа вистинското. А сега Феликс. Што со него? Убаво на почетокот. Како и секое ново истражување. А и и` требаше филтер. Погледна повторно во него. Дали сеуште го сака? Не знаеше. Се прашуваше. Измолкнувајќи се од неговите прегратки, стана и се упати кон вратата.
- Јави ми се. - го чу него.- Важи. - ја потегна кваката. Молкум го погледна повторно и тивко ја затвори вратата. Чекореше по улицата. Солзи и` навираа во очите. Не сакаше да го повреди. Талкаше по патеката која врвеше кон нејзиниот дом. Се најде пред крстопат. Повеќе правци. Нејзе и беа познати само два. Дома или... слаткарницата. Погледна тажно накај патеката која што врвеше кон нејзиниот дом. Што ако... Да скршнеше од монотонијата. Знаеше што ќе ја чека дома. Неколкучасовното дружење со компјутерот, книгата и перото. Пишуваше. Тоа и` беше еден вид филтер да се откопа од секојдневието. Но сега и тоа стана саното секојдневие. Самите збиднувања ја натераа почесто да пишува. Стоеше неколку мига пред крстопатот. Го крена телефонот, го побара името.... Чекаше неколку пати да заѕвони. Го чу Викторовиот глас.
- Сакам да се видиме. - го молеше со глас кој на крајот завршуваше со тенок плачлив извик.
- Добро ти е? - ја праша загрижено.
- Дојди во „Желба“ - му одговори и ја склопи слушалката. Седна на клупата која беше на самото полштатче. Си ја местеше косата. Го сети пак тој познат мирис... Чпколадо помешано со спомени. Се навали на клупата. Дозволи умот да и` талка низ спомените. Набрзо мирот беше нарушен. Виктор се појави од никаде. Чекореше загрижено.
- Како си? - ја праша додека таа пријателски го прегрнуваше.
- Не знам ни самата. - се припи во него. Збркана сум од сево ова.
- Сакаш да седнеме? - се понуди тој.
- Важи. - му ја подаде раката. Забрзаа кон слаткарницата. Седнаа еден спроти друг.
- Кажи ми што те мачи... - ја погали по образот. Таа затрепери од неговиот допир.
- Чудно се чувствувам...Откога ми кажа тој ден... Зошто ми го правиш ова? - прекорно го гледаше. А во неа искреше желба. Копнееше да биде со него.
- Знам дека боли...
- Боли? Боли? Ме убива... Зошто?
- Мислиш дека само тебе?
- Кажи ми зошто? - го повиши гласот.
- Затоа што те сакам... Те сакав и тогаш. Само...
- Што само?
- ... Не сакав да те повредам. Многу добра личност си. А јас не сакав врска тогаш. Бев будала што те одбив.
- Не си ни свесен што ми направи. А и после на прославата.
- Жал ми е многу... - ја помилува по дланката.
- Дали сеуште ме сакаш? - беше директна.
- Да. И нема да престанам.
- Ах, зошто??? Зошто ме правип да патам? - и` навираа солзи.
- Затоа што си проклето убава - не издржа и ја бакна во усните. Таа занеме. Малку се оттргна но потоа се нурна длабоко внатре во неговото лице.
- И јас те сакам. Премногу. - му шепна, вкусувајќи ги врвовите на неговите усни.
Излегоа надвор. Чекореа по улицата која водеше кон нејзиниот дом. Почувствуваа капки вода како паѓаат од горе. Небото неше полно со облаци. Темни, густи.
- Невреме. изусти Виктор. Да побрзаме... - ја прегрна неа и се упатија до нејзиниот дом.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Мора да сте 18 или повеќе години да го кликнете копчето подоле.
(експлицитен матерјал - блага еротика)

- Влези внатре - го покани таа.
Зачекори преку прагот. Претсобјето беше мало. Полно со уметнички слики.
- Во фамилијата имаш многу љубители на уметноста. - шеговито и` дофрли.
- Ахх мајка ми тоа... Ги обожава уметничките дела.
- Ти на неа си, претпоставувам.
- Па имам доста попримено од нејзиниот карактер. - му се насмевна. - Туку одам да се пресоблечам. Слободно разгледај наоколу.
Таа отиде во во соседната соба. Тој ја испрати со поглед. Таа насмевнувајчќи му се, ја затвори вратата. Тој го оттргна погледот. Се насочи на инструментот кој стоеше пред него.
- Свириш на пијаното? - ја праша.
- Ретко. Брат ми е повеќе по таа чест. А ти?
- Па, одамна не сум допрел. Сум подзаборавил малку.
- А знаеш некое дело?
- Па да. Одев на музичко четири години. - седна покрај клавирот. Ги допре мазните дирки почна да свири. Бела дирка па црна. Потоа ја стави и левата рака. Беше во елемент. Свиреше тивко на моменти. Луција го слушаше. Излезе од собата. Му се прикраде тивко одзади. А тој не ја забележа. Сите сетила му беа вперени во музиката. Таа го допре за раменјата со дланките. Беше замајана. А и тој. Го допре со усните по вратот. Тој ја навали главата. Ја фати за раката и ја повлече нежно кон себе. Таа не се противеше. Го бакнуваше во усните, прво допирајќи ги, а потоа притискајќи го за градите.
- Те сакам. - му шеоптеше водејќи го кон креветот. - Сакам да водам љубов со тебе. - го прегрнуваше цврсто.
Откопчувајќи ја нејзината кошула, ја опсипуваше со кратки бакнежи по вратот. Таа дишеше забрзано.
- Повеќе, повеќе... го слушаше нејзиниот шепот. Посегна по нејзиниот градник. Го откопча со невидена брзина и спретност. Таа легна на грбот. Додека тој ја милуваше по градите и стомакот, таа му ја влечеше маицата. Го опфати околу половината. Му ги бакнуваше градите. Кожата му беше влажна од нејзините бакнежи помешани со неговата пот. Го фати за ременот. Вмиг тој почувствува како заигрува срцето. Таа го повлече ременот, влечејќи го силно кон себе. Потоа ги повлече пантолоните. Тој ја фати за половината и ја повлече врвката која го држеше здолништето. Луција воздивна возбудено. Водеа љубов долго. Беа испреплетени еден во друг. Еден момент таа чувствуваше огромен бран на блаженство како надоаѓа од внатре. Ги затвори очите и силно прегрнувајќи го, го бакна во усните. Потоа следеше момент на исцрпеност. Беше легната со главата врз градите на Виктор. Тој нежно ја галеше по косата која и` беше мека. Таа одвреме навреме ќе му испратеше по некое влажно тркалце по градите, галејќи ги со дланката.
- За што размислуваш? - ја праша додека се излежуваа во креветот. Таа го погледна во очите.
- Не знам.. Преубаво ми е...
- Те молам, кажи ми... -ја фати за дланката.
- Ќе му раскинам на Феликс. - пресече таа.
- Сигурна си? - ја праша.
- Повеќе од сигурна. Подобро така отколку да продолжиме. Не сакам да го повредан, Што ако дознае каде сум била... Ќе биде лут, можеби никогаш нема да ми прости.
- Но тој те сака...
- Но јас него не. Тој ми е само пријател. И тоа ќе остане се надевам.
- Завладеа мал момент на молк. Потоа таа се одлепи полека од неговата прегратка. Стана и се упати кон бањата.

- Сакаш кафе? - ја праша тој.
- Може. Ќе најдеш се што е потребно во шкафчето над печката во кујната.
Тој се упати натаму, а Луција во бањата. Го пушти млазот топла вода. Сетилата и се опуштија. Беше во еден вид на магија. Додека си го триеше телото со сунѓерот, се присеќаваше на моментот поминат со Виктор. Потоа излезе и се погледна во огледалото. За прв пат беше задоволна од нејзиниот изглед. Порано се трудеше да изгледа што послаба. Се нервираше што немаше големи гради. Сега се и` изгледаше совршено на неа. Колковите, вратот, лицето... Се обвитка во бањарката и излезе. Виктор ја чекаше во трпезаријата.
- Убаво мирисаш - ја обви со рацете околу половината, бакнувајќи ја зад увото.
- Фала - изусти таа. Седна на столчето и посегна по филџанот.
- Таман си го направил. - му се насмевна. Тој седна покрај неа. Ја гледаше во лицето. Косата и` беше потемнета од влажноста.
- Сигурна си? - ја праша додека уживаа во кафето.
- Мислам дека е најдобро решение. Ако вака продолжам без тој да знае, повеќе го повредувам. А јас тоа не сакам.
- Се надевам дека ќе те разбере.
- Нема да му кажам за нас. Сеуште не...
- Зошто? Па нели целава работа...
- Знам како тој размислува. Затоа и ќе оставам малку да се потсмири.
- Добро. Да се надевам дека лесно ќе пројдеш. - ја прегрна цврсто. Таа ја мушна главата во неговите пазуви. Сакаше да остане внатре. Се чувствуваше посилна кога беше присутен тој крај неа.
- Колку е часот? - ја праша додека ја галеше по косата.
- 7 ипол. Се стемнува. Остани ноќва. Винченцо нема да дојде вечерва, на пат е.
- Само ако ме бакнеш. - на шега и дофрли. Ги вкуси нејзините усни. Потоа таа се упати во кујната.
- Каква паста јадеш? - го прашуваше додека буричкаше по шкафчето.
- Тие што најдобро знаеш да ги подготвиш. - ја задеваше.
- Важи. Ама малце ќе потрае.
- Го имам целото време на располагање. - се шегуваше..Таа го извади лонецот и го намачка со путер.
- Какви ги сакаш? Сварени или крцкави? - го прашуваше додека тој се шеткаше по дневната.
- Al dente. - и` одговори. Ги разгледуваше фотографиите ставени покрај пијаното.
- Ова се твоите? - ја праша.
- Да. Сликани се пред да се земат.
- Убави се. Поготово мајка ти.
- Фала - му се насмевна.
Додека го шеташе погледот, му падна во очи една фотографија. Луција како стои сама, во темен свечен фустан. Насмевката и` беше природна, Блескаше од среќа. Го виде датумот. Пред четири години.
- Каде си сликана во прекрасниот темен фустан?
- На прослава. Славев полуматурска. Вечерта кога прв пат почувствував да бидам сакана.
- Се бакнавте тогаш?
- Да. Прв пат. Прекрасно ми беше. Но не како сега. Сега сум најсреќна.
- Се` во свое време...
- А ти? Дали си имал досега девојка?
- Па... Да. Ја сакав безрезервно. Но таа мене не. Бев заљубен будала. И најлошото од се` беше што таа ме изневери. Кога дознав, веднаш и` раскинав. Не можев да и` простам. А и на себе. Ама тоа помина. Сега кога сум со тебе се чувствувам различно. Како сета таа недоверба е исчезната, како да сум повторно роден. Затоа те разбирам што ти сакаш да му раскинеш на Феликс. Ти си прекрасна личност. Не сакаш да ги повредиш луѓето што ти значат. - се приближи до неа. Ја обви со своите раце околу половината. Таа ја потпре главата на неговите гради. Мешаше со лажицата во тенџерето. Танцуваа полека, движејќи ги колковите. Потоа таа се сврте и го бакна страсно во усните. Тој загуби здив. Бараше повторно и повторно.
- Ќе мода да се вратам на вечерата. - го замоли.
- Ама убаво ми е - пробуваше да звучи тажно.
- Но ќе загори - му се насмевна бакнуваќи го уште еднаш овој пат нежно допирајќи го со усните.
- Јас ќе ја наместам масата. - се понуди. Виното каде ти стои? - ја праша додека таа го подготвуваше сосот.
- Во малото креденче до телевизорот. Извади од црвеното, повеќе оди со макароните.
Тој се упати таму. Извади едно шише со темна боја. Потоа пак дојде до неа.
- Сакаш да пробаш? - го мацна таа прстот во сосот и му го подаде. Отпрвин тој го допре со усните. Потоа лакомо го лапна.
- Мммм вкусно - си ги оближуваше усните.
Јадејќи разговараа цела вечер. Потоа Луција стана и ги собра чиниите. Виктор седна на троседот. Го вклучи системот за музика. Познати мелодии доаѓаа од звучниците. И` се прикраде на Луција одзади и ја обви со неговите раце околу вратот и рамењата. Заиграа прво бавно а потоа страсно. Ја бакнуваше по вратот додека таа му ја вадеше маицата пополека. Тој ги крена рацете за да ја извлече. Ја фати за дланката ставајќи ја во центарот на градите.
- Чувствуваш како чука? - прошепоти додека таа ја мушна главата галејќи го нежно по градите. Потоа се одлепи за миг, давајќи му простор да ги стави рацете меѓу нив. Тој ги пикна рацете под нејзината кошула, допирајќи ја за градите. Луција затрепери за миг. Ги откопча копчињатаи ги исправи рацете. Кошулата се слизна надоле, оставајќи и` го горниот дел сосема гол. Виктор го симна погледот доле. Ја бакнуваше по градите додека Луција дишеше забрзано. Го зграби за задникот шепотејќи: - Само така... Не запирај. Тој се спушташе се до папокот. И ги откопча пантолоните и и` ги соблече. Ја фати за колковите, принесувајќи ја кон себе. Ги слушаше нејзините воздишки додека водеа љубов на креветот. Таа трепереше се повеќе и повеќе. Го нурна своето лице зад неговиот грб бакнувајќи го по плеќите. Ги зари прстите во неговата кожа, воздивнувајќи гласно наведнувајќи ја главата наназат. Почувствува како да не е во своја кожа. Бран на блаженство. Втор пат. Беше исцрпена. Капки пот и` течеа од стомакот и грбот. Тој малку се оттргна да се соземе па ја прегрна нежно. Таа ја спушти главата на неговите гради. Го слушаше срцето како чука исцрпено. Го бакна. Тој затрепери. Кожата му се наежи. Полека таа заспа во неговите прегратки. Беше свртена на стомак притискајќи ги градите со неговите. Тој ја мазеше по грбот. Подоцна заспа и тој.

Аааа не издржа! :rofl
 
ами мора да се провери :cool:
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Утро. Сонцето ја плакнеше просторијата со својата златна боја. Полека ги отвори очите. Се обѕирна наоколу – немаше никој. Погледна тажно кон прозорецот. Надвор беше сончево. Синоќешниот дожд само ја намокри земјата. Стана и погледна на масичката. Порака напишана со ракописот на Виктор. „Не се секирај’’ – читаше – „не ти избегав. Ќе дојдам за десет минути да купам нешто“. Ја прочита и длабоко воздивна. Се упати во бањата. Го пушти млазот вода да се освежи. Чу чекори како се доближуваат до влезната врата.
- И што ми купи Виктор? – довика додека уживаше како водата истекуваше по нејзиното тело. Следуваше молк.
- Виктор ти си? – ја обзеде мал немир. – Виктор???
Ја облече бањарката и излезе. Се скамени при првиот чекор во дневната соба. Ги виде неговиот брат Винченцо и Феликс како ја гледаат. На лицето на Феликс се појави израз на разочарување. Ја отвори вратата и се упати надвор. Луција скокна кон него како попарена.
- Те молам застани да ти објаснам. – го молеше. Тој брзаше со спуштена глава.
- Феликс чекај! – трчаше по него. Тој не ја слушаше. Пред него се појави Виктор, кој се враќаше од продавницата.
- Виктор, запри го! – му довика таа. Тој се испречи пред него, но знаеше зошто бега. Дознал за нив.
- Не те разбирам... – Најпосле промрморе Феликс. – Покрај толку поминато време заедно, покрај сето она што го делев со тебе, ти вака ми враќаш! Не те обвинувам што го сакаш него, туку на начинот на кој го направи сево ова.
- Те молам Феликс. слушни ме! Вчера се видовме прв пат после празниците. Ќе ти кажев веднаш уште денес дека меѓу тебе и мене е готово...
- И јас мислиш верувам во тебе? Ах Луција, Луција.... Ме повреди... Ќе се изгубиш вака ако продолжиш. Те мислев за поразумна.
- Вистина е ова што кажува таа. – се јави Виктор.
- Кој си па ти да збориш тука! Знаеш дека ми ја уништуваш врската, а пак си даваш за право да ми изиграваш адвокат. – заканувачки викна.
- Не е точно. - се вмеша Луција. Јас одсекогаш го сакав. Дури пред новогодишните празници. Но тој не беше подготвен...
- Ахх сега јасно ми е. Ме лажеше! Ах Луција не сакам да те видам никогаш повеке. - одмавна со раката да отстапи Виктор. Потоа поита кон својот дом.
- Го повредив.. – Луција тажно погледна кон патот по кој Феликс врвеше.
- Ќе биде се` во ред.... ќе биде се` во ред... – ја прегрна Виктор.

Само што зачекори во претсобјето, го виде зачуденото лице на сестра му. Мала трага на разочарување. Седна на фотељата.
-Слушнав... – промрморе Лора. Ме чудиш некогаш со тоа твое однесување. Како можеш да бидеш таков... Нели не сакаше да се врзеш... Просто ме чудиш...
- Не можев да ја одбијам... А и самата знаеш дека ја сакам. И засекогаш ќе ја сакам.
- Добро... И што сега? Ќе продолжиш да им ја уништуваш врската меѓу неа и Феликс?
- Не ја рушам Таа и никогаш не постоела.
- Ух, од кај таа идеја?
- Луција ми кажа. Таа отсекогаш го сметала Феликс само за пријател.
- И сега им го сруши пријателството...
- Не јас. Феликс самиот ќе си го сруши ако така продолжи. Си ја сече гранката на која што седи. Мислам дека и на Луција не и` е сеедно што губи добар пријател. Сепак ќе оставам сами да си одлучат што понатаму. Не сакам да бидам играч во нивната игра.
- Но индиректно си вмешан.
- Сум... Но што можам. Тој се скара со неа, не таа со него. Ти викам, ако тој вака продолжи, никаде нема да стигне.
- Но сфати како му е... Зарем и ти така нема да постапиш...
- Можеби имаш право... Но сепак треба да припази на присебноста.
- Присебност? Ти ми кажуваш за присебност? Се гледаш ли сеуште со Вероника?
- Не ја мешај неа во сево ова...- заканувачки и` довика. – Добро знаеш што се случи таму...
- Слично е Викторе, слично... – рече потсмирено.
- Знам дека не му е нималку лесно. Но не сакам Луција да пати... Знаеш што ми рече вчера, кога се видовме? Рече дека пати. Копнее по мене, Лора, копнее. Ме сака. И јас неа ја сакам. Не сакам тажна да ја гледам, како венее. Сакам да видам насмевка на нејзиното лице.
- Верувам дека е така. Само немој ти да бидеш причината за крај на пријателството меѓу нив двајцата.
- Ќе разговарам со неа. Ако се сложи, ќе и помогнам.
- Знам дека ќе и помогнеш.

Брзаше кон неговиот дом. Беше исплашена да не се случи нешто лошо. Знаеше дека тој ја сакаше. Безрезервно како што Виктор ја сакаше Вероника некогаш. Сакаше да си помогне, да го истисне чувството на грижа на совест. А и нему. Зачука на неговата порта. Вратата се отвори гледајќи ја едно лице, скршено од болка. Горчлив приказ на повреден човек.
- Сакам да разговараме, Феликс...
- Нема зошто!
- Ајде, ајде те молам не се прави таков... Пушти ме да влезам.
- Зошто? Дали те познавам јас? Која си ти?
Таа се намурти.
- Добро ме познаваш која сум. Јас сум Луција.
- Не знам никоја Луција. Всушност една. – смекна – Таа која ја сакав, која ме гледаше во лице и ме лажеше.
Ја пушти да влезе со голема резерва во себе.
- Знам дека погрешив... Затоа и дојдов и да разговараме.
- Нема зошто. Ти си сосема среќна... со него... А мене ми даде лажна надеж. Ах зошто ми го направи ова Луција, зошто?
- Добар другар си ми Феликс.... Затоа...
- Зошто тогаш не ми кажа за него?
- Затоа што не сакав да те повредам...
- Погрешно... Требаше да ми кажеш... Требаше... – затрепери и го мушна лицето во своите дланки. Си ги протри очите за да гледа појасно. – Знаеш колку се надевав... Секој миг, секој допир, секое чувство го делев со тебе... А ти глумеше... Не си ми јасна. Што беше тоа што те тераше да ме повредуваш од ден на ден?
- Згрешив.... Многу згрешив... Требаше уште тој ден да ти кажам дека него го сакав. Но сакав да го заборавам. Се трудев да ми биде убаво со тебе. И не си виновен ти. Виновна сум јас што не можам него да го заборавам. Прекрасна личност си. Знам дека многу ме сакаше.
- И сеуште те сакам....
- Но пробај... Пробај...
- Не можам... – ја нурна својата глава во нејзината прегратка. Беше скршен. Трепереше...Солзи му проникнуваа од очите. Се трудеше да ги задржи. Не успеа. Таа го галеше по косата. Како мајка својот син кога ќе ја признае гешката.
- Пробај... Пробај...- му шепотеше. Потоа се одлепи од него. Му ја фати раката и ја принесе до своето лице. Ја бакна за последен пат. Тој ги почувствува нејзините усни по неговите прсти. Треперат.... Се плашат да не направат нешто погрешно.
- Ќе пробам.... – попушти. – Заради тебе ќе се обидам. И те молам засега не сакам да се гледаме. Барем да помине најлошото.
- Вети ми дека ќе ти останам пријателка....
- Не можам да ветам... Времето ќе вети. Само времето. Ако некогаш се сретнеме, ќе дознам. До тогаш...не барај ме.
- Ветувам. Вечно ќе се сеќавам на тебе... – го прегрна. Цврсто, но со доза на трепет. Се чувстуваше како да губи нешто вредно. Дури сега и` стана јасно колку е скапо тоа што и` носеше среќа. Го притисна до градите. Потоа се одвои од него и замина накај вратата.
- Не барај ме. – и` се чинеше како го слуша додека ја отвораше вратата и го фрлаше последниот поглед кон него.
- Ветувам – ги мрдна усните, неиспуштајќи никаков глас. Излезе надвор како утепана. Ја помина уличката и се упати кон домот. Седна на троседот. Не сакаше да му се јави на Виктор. Ова сама го решаваше. Не сакаше тој да биде вмешан. А и тој не се јавуваше. „Добро е“ - си помисли – „во тишина ќе си го решам проблемот“.

Седеа заедно еден до друг на масата. Беа опкружени со толпа народ, луѓе кои не ги познаваа. Не сите. На крајчето на окото, Виктор ја погледна сестра му во прегратките на непознат човек. Беше среќна. Го виде Винченцо опкружен со своето старо друштво. Знаеше дека немаше да успеат. Никогаш не се ни потрудија. Беа задоволни што се добри другари.
- Совршено си одговараат. – му се насмевна Луција.
- Да... Среќна е. – и` возврати Виктор.
- Мислиш таа и брат ми би... – не ја заврши мислата а Виктор ја прекина.
- Не. Пријатели се и тоа сакаат и двајцата да останат. Понекогаш им се восхитувам како успеваат да останат толку блиски.
- Пријателите знаат да бидат поблиски од љубените, но не е секогаш така. – му се насмевна таа. А сепак во разговорот се сети на пријателот шро ја љубеше. Помина многу време од тој ден кога се збогува. Чувствуваше недовршеност. Неизвесност. Тапкање во воздух. Виктор ја сфаќаше таа нејзина осаменост. Но не се трудеше за тоа да разговараат. Не сакаше да отвора фронтови во кои веруваше дека битката може да ја изгуби. Не ги знаеше точно нејзините чувства кон Феликс. Но знаеше дека го љуби само него. И бепе во право. Феликс и` беше само пријател. По вечерата заминаа дома кај Виктор. Бидејќи Лора сеуште се немаше вратено, целипт стан им беше препуштен на двајцата сами. Водеа љубов до утринските часови, уживајќи во секој момент поминат заедно. Рано изутрината Луција излезе од станот и се упати кон својот дом. Додека шеташе потоната во мислите,, се судри со минувачот кој и одеше одспротива. Не требаше толку рано да исзлезе. Но судбината ги натера повторно да се сретнат.
- Феликс! – изусти изненадено. Тој ја погледна со доза на тага.
- Како си? – ја праша тој?
- Добро, еве се враќам откај Виктор. – и погледна тажно настрана. Не требаше да ги рече тие зборови. Повреда дури по толку време поминато, Дали?
- Сеуште си со него? – и` се насмевна. – Навистина многу го сакаш.
- Да- незгодно го погледна.
- Имаше право. Меѓу нас немаше да успее.
- Молам? – зачудено го погледна.
- Не сакав да те кочам. Мило ми е што конечно си среќна.
- Не те разбирам..... – ококорено стоеше пред него,
- Се вика Беатриче. И среќен сум со неа.... – пријателски и подаде рака.

..FIN..