„Колачиња“ - фрагменти од Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Иташе кон слаткарницата со голема возбуда. Кога стигна се обѕирна наоколу. Неа сеуште ја немаше. „Типична дама“ - се смееше во себе. Седна на клупата крај фонтаната која се наоѓаше среде плоштадот. Ги гледаше млазевите вода како хаотично летаат наоколу. Ги гледаше но не ги забележуваше. Мислите му беа на друго место. Изгубени во местото и просторот. Се врати во моментот кога прв пат ја виде. Ги слушаше истите зборови, го чувствуваше истиот мирис. Мирисот на чоколадо. И тоа не било кое. Чоколадото од слаткарницата „Желба“. Иако беше мала, беше уредена како да може да собере многу луѓе.
- Виктор! - го чу познатиот глас како доаѓаше одзади. Сликата исчезна. Реалност. Темна ноќ. Месечината се немаше појавено. А и не беше потребна. Сеуште не.
- Сакаш попосле да отидеме на една журка?- го замоли со доза на несигурност додека седеа и уќиваа во слатките. Се плашеше од нешто. Одбивање? Да се рече.
- Важи. Само да не е од ониее досадните.
- Сигурно не е.
Го гледаше право во очите. Сакаше повеќе да дознае за него. Љубопитство? Заинтересираност? Љубов? Не беше сигурна. Едно знаеше. Прекрасно се чувствуваше во негова близина. Го следеше секое негово движење. При самиот крај го фати за раката. Топло но со доза на немир.
- Гледам дека ти се брза. - и` се насмевна.
- Аххх не. - му ја отпушти раката. - Ништо. Само сакав..... - не можеше да дорече.
- Да? - ја фати тој сега.
- Убаво ми е вака кога сум со тебе. Знам дека сеуште е рано, но сакам да ти кажам нешто.
- Што? - ја праша со зачуден поглед.
- Ми се допаѓаш. И тоа многу. - попушти.
- Ах многумина ми го рекле тоа. Не знам зошто. - почна да се смее.
- Но.... - збунето ја погледна.
- Ок е да ти се допаѓам. И ти ми се допаѓаш. - ја пресече.
- Добро, тогаш ајде со мене. - го повлече меко за раката.
---------------------------------------------------------------------------
- Како си поминуваш? ја праша додека таа седеше отфрлена од купчето луѓе кои играа во средината.
- Не знам. Досадно ми е. - тажно го погледна.
- Си за еден танц? - сакаше да ја орасположи.
- Ајде. - го фати нежно за раката. Тој ја одведе до подиумот водејќи ја нежно за раката. Танцуваа полека, како што ритамот ги опкружуваше. Вмиг таа се опушти. Не можеше да остане рамнодушна. Ја мушна главата во неговите пазуви. Бараше нешто. Некој прекрасен смирувачки ритам. Потоа се измоклна полека и го гледаше во усните. Загуби здив. Тој ја забележа како се губи и ја прегрна цврсто.
- Добро ти е? - ја праша додека танцуваа така прегрнати.
- Прекрасно. Овој момент.... - се губеше.
- Сакаш да седнеме на терасата? - ја праша со поглед. -Подобро ќе ти биде.
- Може.
Отидоа оставајќи ја толпата зад себе. Седнаа на самиот гелендер.
- Кажи ми сега... - ја погали нежно по косата. - ... убаво си поминуваш?
- Најпрекрасно... - му се доближуваше со лицето.. Ги сети неговите усни. Почувствува мали слатки болки во стомакот. Го бакнуваше прво кратко па страсно. А тој ја фати за половината и ја принесе кон себе.
- Те сакам. - ги чу нејзините зборови додека ги вкусуваше усните.

(фрагмент од „Колачиња“. Скопје 2007)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Лежеше врз креветот. Мислите и` беа на седмо небо. Пробуваше да го врати синоќешниот филм. При самото сеќавање на Виктор, чувствуваше благ скокот по срцето. Не можеше да заплива понатаму. Скокотот беше посилен и посилен. Ја гушна перницата и почна да се смее хистерично. Го зеде мобилниот да му се јави. „Зафатено“ - промрморе тивко. „Можеби и` раскажува на сестра си или на неговите за нас“ - помисли. Всушност се надеваше. По синоќешното излегување со него. како да и` скокна самодвербата до небеси. Почека неколку часа. За тоа време го привршуваше проектот што го пишуваше по предметот психологија. Требаше да напише состав за чувствата на човекот кога е во меланхолија. Немаше идеи. Не беше во тоа расположение. Никакви корени. Ништо - tabula rasa. „Подоцна“ - се замисли и го вклучи интернетот. Се допишуваше со својата најдобра другарка. Не и` кажа. Сеуште не. А не знаеше ни зошто. Другарка и` имаше супер врска, не постоеше никаква шанса да и` го превземе Виктор. Веруваше дека нему му припаѓа.. Подоцна пак проба да му се јави. „Го исклучил“ - натажено погледна накај прозорецот. Му напиша порака во стилот „Прекрасно си поминав, бла, бла, бла, кога ќе се видиме?“. Остана сега уште да чека. Го вклучи телевизорот за да и` помине побрзо времето. Гледаше некој филм кој не и` остави огромен впечаток. Го погледна часовникот. „ Ручек време. Сега ќе дојде Винченцо гладен и уморен од работа“. Тој работеше понекогаш и во сабота. Работеше со мобилни телефони. Не беше многу платен, но сепак беше задоволен од работата. Луција го запали оганиот на ринглата да го зготви сосот. Потоа свари макарони. Готвењето отсекогаш ја смирувало. Знаеше доста работи да направи. Нејзината мајка ја имаше учено како помала по нешто да направи, колку да не остане гладна. Се сети на неа додека го готвеше ручекот. И` недостигаше малку. И татко и`. Тие работеа сезонска работа во друга земја. Мораа некако да се прехрануваат. Не беа сиромашни, но и даноците не беа ниски. Впрочем да живееш во еден голем град на северот на Италија не е нималку лесно.. Додека го мешаше сосот од домати, го чу мобилниот како ѕвони. Порака. Ја фрли лажицата во тенџерето и скокна по мобилниот. „Вечерва во кафулето кај големата катедрала, ти одговара?“. Беше возбудена. Ја погреши пораката додека ја пишуваше. Потоа доби пак нова. Ова малку ја замисли. „Зошто не сака да се дотерам?“ - се прашуваше додека ја читаше повторно. Реши да ги облече тесните фармерки и крем маичката со кратки ракави..

Ја чекаше не помалку од минутка. Ја прегрна. Таа бараше нешто друго. Бакнеж. Но тој ја сврте главата, избегнувајќи усните да се судрат.
- Не си денес нешто расположен - го прекори благо.
- Луција, мораме да разговараме. - и` рече додека се доближуваа до кафулето.
- За што? - зачудено го погледна.
- Да седнеме, па ќе почнам.
Седнаа и нарачаа кафе.
- Што е со тебе? - започна таа.
- Луција, не сакам погешно да ме разбереш, но мислам рано ми е да се врзам. - тажно ја погледна. Ладен туш. Исчезнување на прекрасните емоции како пукање на меурче од сапуница.
- Како.....зошто??? - почна да пелтечи таа.
- Убаво ми беше вчера. Ти си прекрасна личност. Затоа и ми е страв да не те повредам.
- Ама.... - го погледна со солзи во очите.
- Те сфаќам дека си вљубена во мене. Но проблемот е што јас не сум. Сеуште не... Вака ми се допаѓаш, но тоа е само тоа. Затоа не сакам да се впуштам во љубовта. Не сакам да те повредам.
- Јасно ми е... - стана полека да си оди.
- Луција, чекај! - ја фати благо за раката.
- Не, не можам да чекам. Кога ќе се свестиш, тогаш ќе чекам. - пробуваше да ја тргне неговата рака.
- Но може бар да останеме пријатели. - не попушташе тој.
- Ќе видам... - низ солзи му одговори.
Трчкаше накај дома. Не забележуваше ништо пред патот, иташе како мува без глава. Се затвори дома, во собата. Ја дофати перницата и бризна во плач. Беше скршена. Срцето ја болеше. Чувствуваше неиздржливи болки по целото тело. Сакаше истиот момент да исчезне. Карта во еден правец за патот кон самото дно. Го чу мобилниот како ѕвони. Бес помешан со гнев вриеше во неа. Го зеде и го фрли на земјата. Се раздели да неколку делчиња. Но гајле и` беше. Не и` требаше. Винченцо го чу тресокот. Се симна по скалчите и зачука на вратата од нејзината соба.
- Те молам, оди си! - го чу нејзиниот плачлив глас.
- Луција, отвори. - инсистираше.
- Не! Сакам да сум сама! - му довика. Ги чу чекорите како се оддалечуваа. Се потсмири и легна на креветот. Се трудеше да се фокусира на нешто друго. Но тешко. При крајот на ноќта, заспра со судни маки.
(фрагмент од „Колачиња“ - Скопје 2007)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Saladin уште??? :)
инаку се пронаоѓам во текстов ,моментално јас сум во спротивна ситуација.Јас сум ,Виктор' :giggle
(инаку не само јас ,скоро сите би можеле да се пронајдат...)
браво !
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Saladin ако има уште стави овде или прати ми во порака. Многу ми се допадна. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Saladin уште??? :)
инаку се пронаоѓам во текстов ,моментално јас сум во спротивна ситуација.Јас сум ,Виктор' :giggle
(инаку не само јас ,скоро сите би можеле да се пронајдат...)
браво !

и јас бев Виктор :)
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
леле многу тешко да си и на двете страни,најубаво е кога двајцата се вљубени еден во друг (бајка :giggle)

ех....или така како шо викаш....или како виктор :) средина нема...да не се сожалуваме не сме деца :smug
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ladies, don`t flatter yourself.:giggle
Ќе видите уосталом како ќе се движи прикаската.




Damn my english. :mad
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
ех....или така како шо викаш....или како виктор :) средина нема...да не се сожалуваме не сме деца :smug
да ти кажам не знам што е полошо...мене лично и двете страни ме огорчуваат...премногу на срце си зимам некои работи а не треба :frown