Фан клуб Барселона

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
‎"Игравме против тим кој има освоено седум Европски купови, тим со многу добри фудбалери. Имавме 21 шут на нивниот гол, тие имаа три" - вели Пеп Гвардиола.

"Некои луѓе очекуваа Милан да не ја помине половината, а ние да победиме со голема разлика, но тоа никогаш не може да се случи. Милан има големо искуство и претставуваше голема закана".

"Сезоната е многу долга, имате различни периоди, не мислам дека ние сме фаворити за трофејот во Лигата на Шампионите, тука се Баерн и Реал Мадрид".

"Ја освоивме Лигата на Шампионите два пати во последните три години и сега дојдовме до петото полуфинале во серија. Најтешко е да бидете константни, можете било што да освоите еднаш, но тешко е да го повторите тоа, овие фудбалери се неверојатни".

"Дојдовме до петото полуфинале по ред поради напорот вложен од сите. Секогаш се трудиме да бидеме на највисоко ниво што можеме и знаеме дека мора да играме најдобро за да дојдеме до финалето во Минхен".

"Повеќе од задоволни сме од тоа како се одвиваат работите за нас до сега оваа сезона. Се бориме за три трофеи, играме во финалето од Копа Дел Реј, водиме тешка битка во Ла Лига и играме во Лигата на Шампионите".

Пеп Гвардиола беше запрашан и што мисли за контроверзниот пенал кој беше досуден за неговиот тим.

"Кога има влечење за дрес, тоа е фаул".
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Рио Фердинанд на Твитер: „Судијата се држеше до правилата: Влечење за дрес = прекршок. Меси = ладнокрвен

Барселона е првиот клуб во историјата кој пет пати по ред успеал да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите.