Навивам за Барса од далечната 2003та година, 9 години се напраиле. Чуда поминаа од тогаш, дојде Рони стана најдобар играч на светот, се освои ЛШ и си замина, дојде Анри се освои ЛШ уште еднаш и тој си замина, во целото тоа време беше Ето присутен нели без него дека тешко нешто ќе се направеше. Замина и Ето, дојде Виља и повторно се освои ЛШ. Во сите тие години доминација во лигата и купот и реметење на Реал Мадрид на секоја утакмица. Ах, што ми е мило што навивам за овој тим.
Вечер играме со Атлетик Билбао на домашен терен, утакмицата е од 22 часот со пренос на Алфа.