Споделите ги ваште дела...

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
34
58
1,018
Постоиш

Има нешто во твоите очи што ме прави немирна.
Нешто таинствено во твојот поглед, што ми создава потреба
да те допрам и да те почувствувам...
Има нешто во твојата насмевка што те прави неодолив,
нешто мистериозно во твојата појава,
што те прави недостижен.
Се двоумам дали си вистинит, можеби си лага или пак сон...
Можно ли е да постоиш баш таков,
недопирлив, неодолив, недостижен... идеален?!?
Да, постоиш...
Те создадов јас самата...
Те измислиш и живееш,
живееш во мојот ум...
онаков каков што си
и онаков каков што јас сакам да бидеш!

Дел од мене од едно далечно време :) (малку е аматерски:unsure ама тоа е )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Baronessa

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,032
9,656
1,683
Normandy
Овената душа

Едноставно неиздржливо е... Да се љуби овената душа... Слики на талкач во пустина, како бара капка вода. Да ја допре со усните. Да ја почувствува нејзината безгржиност. Но неа ја нема. Тој е изгубен. Ги гони сопствените сништа да ја сретне. Да и` каже дека светот е суров но дека без неа, тој е мртов. Ја моли... да се обиде. Да цути како што некогаш цутеше нејзината душа.
Стаклена насмевка за почеток. Се прашува дали е доволно да ја сузбие нејзината ирелевантност. Дали е доволно силна... Сонувачот во него се буди. Тој е сеприсутен во сите нивни заеднички допири. Ја бакнува со зборови за добра ноќ. Ја прегрнува со надеж. Потребна е. Нејзините топли зраци се доволни за обајцата да не останат смрзнати крај патот. Но тишина завладува помеѓу нив.
Неми слики а сепак толку чувства.... емоции...љубов...
Проклето тажно е... Таа венее. А времето го зема сопствениот данок. Останува уште многу малку. А потоа, темница.
(Мај 2009)
 
гуд џаб... хахаха