Инспирирано од најновото истражување на IRL за производите нa SlimLine.
Ме интересираат, какви се вашите искуства со овој производ или со слични на ова - разни чаеви и таблети за слабеење, прашоци и слични додатоци, лесно достапни и на деца и тинејџери.
Ме интересираат, какви се вашите искуства со овој производ или со слични на ова - разни чаеви и таблети за слабеење, прашоци и слични додатоци, лесно достапни и на деца и тинејџери.
Забранети суплементи за убавина и здравје ве демнат на интернет - ИРЛ
Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Две години полицијата не може да постапи по барањето на АХВ за да ја блокира веб-страницата...
irl.mk
- Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Со цел да избегнат строги контроли и потреба од регистрација во Агенцијата за лекови, суплементите ги продавале како додатоци за исхрана.
- Една од пронајдените супстанции е субитрамин. Во САД, ЕУ и во Македонија, субитраминот е забранет за употреба поради опасност од сериозни и штетни ефекти врз здравјето на луѓето.
- Србија пред четири години ги забранила производите на „Слимлајн“ за употреба откако властите откриле дека суплемент на оваа компанија содржел антидепресиви.
- Во 2019 година Агенцијата за храна издава решение за задолжителна лабораториска анализа за безбедност на сите производи на „Слимлајн“ пред пуштање во промет. По извесен период Слимлајн повеќе не се дел од регистерот на АХВ.
- Но, застапниците продолжуваат незаконски да ги продаваат суплементите преку својата интернет-страница, а со помош на агресивно рекламирање на „Инстаграм“ и „Фејсбук“.
- За да дојдат до што повеќе купувачи на својата веб-страница за онлајн продажба, тие ангажираат фитнес-инструктори и познати инфлуенсерки како Јелена Спенџарска и Лила Филиповска. Со своите десетици и стотици илјади следбеници, меѓу кои и голем број тинејџерки и млади, тие на „Слимлајн“ им обезбедуваат потрошувачи за разните додатоци како детокс-чаеви и други производи за убавина и здравје.
- Примероците од суплементите во кои се пронајдени штетните супстанции биле декларирани како кинески.
- За производите што во моментов се продаваат онлајн, земјата на потекло и производител не може да се утврдат бидејќи производот нема декларација, а на самата кутија не пишува ништо.
- Агенцијата за храна во 2020 година ќе поднесе кривична пријава која ќе резултира со судски процес против одговорните во фирмата СЛЦ која се претставува како увозник на овие суплементи. Дел од судењето е и познат македонски ракометар, кој сведочи дека поради необележаниот субитрамин во суплементот на „Слимлајн“ добил позитивен допинг-тест по што му завршила кариерата.
- Одложувањата на судскиот процес се во најголем дел поради отсуство на обвинителот. На судските рочишта што ги проследи ИРЛ обвинителот доаѓаше без службени материјали. Во една пригода побара од присутните адвокати да му позајмат бел лист хартија „за да има нешто на масата“.
- Две години полицијата не може да постапи по барањето од Агенцијата за храна да ја отстрани веб-страницата на „Слимлајн“ за онлајн продажба.