Трендот со ужасно флертување преку социјалните мрежи

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам баш како да ја крстам темава, но една денешна порака, да не речам книга, ме инспирираше да ја отворам.
Здогледувате некој на социјални мрежи, ви делува симпатично, го/ја додавате, и???
Сфаќам дека најголемиот дел од комуникацијата денес се одвива така и сосема ми е океј, но што правиме со оние непоправливи романтичари што веднаш се спремни да извадат прстен, оние што праќаат слики од половиот орган без никакви претходни муабети или индикации дека сакаш такво нешто од нив, оние преупорни и предосадни што не знаат за не?
Добро, секако сите најлесно може да се решат со блок, што е и убавината на интернет комуникацијата, но сепак, да се вратам на главното.
Темава може да биде и трагична и комична, зависи од тоа кој е на другата страна.

Денес добив некаква лоша проза во порака и потоа, без да вратам, типот си испланира цел дејт, па како ќе бил облечен, што да сме пиеле... што јас го гледам ко смешно (до степен и жално, ако се задлабочиме во психолошка анализа), но на други може да им е многу вознемирувачко. Претпоставил по таговите во кој град живеам, па да дојдел, па премина на анализа дека сум вредела да се мачи и не сум била лесна, па на хороскопскиот знак... за цело ова време му вратив вкупно пет збора дека комуникацијата е крипи, посебно ко за првпат. Тоа, секако, не го спречи. Го спречи старата, добра лага „Имам дечко“, по кое почна да ми соли епа зошто сум му дозволила (????) толку да пишува кога не сум имала никакви намери.
Језиво, во најмала рака.

И тоа ова воопшто не е изолиран случај, туку напротив, повеќе ко норма да станува.
Муабетот ми е, толку ли сме изгубиле осет за граници и културно запознавање? Сметаме ли дека интернетот ни дава доза непобедливост пошто другиот не ти може ништо зад екран? Од кога замарањето од само едната страна, кај некои се смета за флерт?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
На сите ни се иа случено и ни` се случува да ни се `удвараат` по социјалните мрежи...
Ама колку повеќе им го подземаш муабетот, толку побетар...
Така мене сега брзо ми се случи некој си тип кој не ми е ни френд на фб, ми праќа порака со слики за долен веш од секси шоп и и пишал `Третово би ти стоело топ` :rofl :rofl :rofl
Значи се изнасмеав, ама не му вратив ништо и моментално го блокнав...
Едноставно е, ако не сакаш да те замараат блок и готово...
Мене ми е лесно, зашто не барам никој на нет, ама имам другарки кои се сингл па комуницираат... и секогаш им велам дека мора да бидат поотворени, зашто во сите тие стотици идиоти, еден ќе е нормален и ок, ама ако си скептичен и недоверлив, нема ни нему да му веруваш...
Ама, како што рековме, ако не ти одговара, блок и крај на приказната...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Искрено не користам повеќе социјални мрежи веќе долго време и не знам за ваквите трендови. Од друга страна не би ги користел како алатка за воспоставување комуникација или пак флертување, бидејќи мислам дека сепак во реалноста можеш да ја согледаш вистинската слика за личноста додека на ваков начин тешко дека ќе можеш да го направиш тоа.

Во врска со твојот случај, сметам дека дечково е еден од оние кој на повеќе девојки им пишува и им го прави истиот муабет во исто време. Што е најтрагично кај некоја која е премногу очајна ќе упали муабетов од погоре. Дека е вознемирувачки муабетов, се согласувам во потполност и неговата реакција на крајот е целосно несоодветна. Но ти не си направила ништо погрешно, ниту пак си му дала причина за да реагира така и затоа не се оптеретувај во иднина со ова.


Некои луѓе не го изгубиле чувството за граници, бидејќи никогаш и не го создале тоа чувство односно никогаш го немале. Во поглед на културното запознавање мислам дека големо влијание има карактерот на личноста и навиките стекнати уште во најраната возраст. Навистина тие навики подоцна може да се променат, ама самата основа која е создадена во најраните години скоро и да не се менува. Исто големо влијание има и домашното воспитување во поглед на односот кон спротивниот пол. Бидејќи најчесто од семејството произлегува овој вид на култура и начин на однесување и многу ретко постојат личности кои се нормализирале и се однесуваат спротивно од она погрешно однесување кон спротивниот пол на кое биле сведоци во рамките на своето семејство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
На сите ни се иа случено и ни` се случува да ни се `удвараат` по социјалните мрежи...
Ама колку повеќе им го подземаш муабетот, толку побетар...
Така мене сега брзо ми се случи некој си тип кој не ми е ни френд на фб, ми праќа порака со слики за долен веш од секси шоп и и пишал `Третово би ти стоело топ` :rofl :rofl :rofl
Значи се изнасмеав, ама не му вратив ништо и моментално го блокнав...
Едноставно е, ако не сакаш да те замараат блок и готово...
Мене ми е лесно, зашто не барам никој на нет, ама имам другарки кои се сингл па комуницираат... и секогаш им велам дека мора да бидат поотворени, зашто во сите тие стотици идиоти, еден ќе е нормален и ок, ама ако си скептичен и недоверлив, нема ни нему да му веруваш...
Ама, како што рековме, ако не ти одговара, блок и крај на приказната...
Јас па стварно не знам зошто си го блокирала човекот. Замисли одделил време да ти го анализира профилот, да ти ги разгледа сите слики, па мерења, замислувања, пребарал по интернет и за тоа потрошил некое време да ти одбере некои парчиња облека за да ти даде совет, а ти одма блок.

Можда тој мислел на тебе, и мислел дека може да ти помогне да избереш совршено парче гардероба за идните походи, а ти одма блок. И ај да те видам после да имаш желба да помогнеш на некоја да си го пронајде стилот.

И на крај секогаш тој муабет, ме замара, не ми одговара муабетот и слични ми ти работи. :rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Мене не ми се воопшто страшни, реално. Мислам, што може да ми направи? Ми имаат праќано и слики од половиот орган, па сум им ги враќала нацртани со фаци и менѓуши... мора некако да си најдеш и смешно во тоа, пошто ако ги сфатиш преозбилно, отиде.
Е сега, ги имаш оние досадни заводници-лигуши што увежбале 2-3 фори и мислат дека кај секоја ќе им пројдат. Рецимо фамозното "so tebe osekam konekcija, ne si kako drugite", ама тоа реално не пали кај девојки над 22-3. Таквите фраери се само за дриблање дури не му здосади.
Од друга страна, дечково од вчера беше смешен првите 10 минути, дури не видов дека си има забегана жичка со анализите дали делуваш на поштена домаќинка и не знам што, башка што одма се изнајдовме неколку другарки што ни пишува и се горе-долу истите муабети, но мислам дека нешто не е сосема океј, така да греота е да се трола и најубаво се решава со блок.
Инаку секогаш сум на сељачки муабети да се врати со бетер. Може не чини, ама ете...
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
Хахахха, ме изнасмеа. Следно кога ќе ти пуштат слика од полов орган, можда појако ќе е да вратиш мојот е поголем :D

Иначе ги има секакви, а особено оние шо гледаат видеа од типот If you ask 100 people to have sex, at least 1 will say yes, се најјаки. Се користат исти фор па кај запали, запали.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Хахахха, ме изнасмеа. Следно кога ќе ти пуштат слика од полов орган, можда појако ќе е да вратиш мојот е поголем :D

Иначе ги има секакви, а особено оние шо гледаат видеа од типот If you ask 100 people to have sex, at least 1 will say yes, се најјаки. Се користат исти фор па кај запали, запали.
Да, супер одговор е да им врати човек со уште поголем некој, да се засрамат бар за тоа.
Имало и буквално малолетни деца да праќаат. Тоа веќе не е ни смешно, туку загрижувачки... као, буквално ми праќаш експлицитна слика/видео мене, полнолетна... Свашта.
Ми идеше да ја најдам мајка му и да ѝ пратам што прави ничим изазван, не се ни следиме на социјални мрежи, него рандом ти стига message request.
Не знам дали порано вака си ги цртале со гускино перо кога праќале писма преку океан и ги чекале со месеци.
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
Таа е таа нова романтика што ја измислија телефониве. Прво здраво читај полов орган во сандаче, па можда и договор за секс, па пријатели, па не знаеме што сме уште, не знаеме дали се сакаме.

Не ко нас старомодниве (стариве) упознавање, дејт, компатибилност, срамежливост, па лапање, cuddling, па на крај секс како круна, а може и корпа без тоа.

Само мислам дека најголем кривец за вакво однесување се смартфоните и тоа што се сервира на социјалните медиуми. Инсталирав ТикТок и секое второ клипче е јака џенска која денца полугола, порно глумици, симулација на секс и такви ми ти работи, а и родителите кои поради презафатеност (незаинтересираност) не им обрнуваат внимание на децата и тоа што учат и гледаат на интернет.

Денеска ретко е родител да седнит со детето и да му објаснит за норми, начини на однесување, почит кон постари и спротивен пол, како се однесува со девојка/дечко и слични ми ти работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Grunf

Нов член
14 септември 2021
2
1
3
42
Коронава ги ограничи социјалниве контакти во живо и се обидов и јас преку нет да запознаам, но не иде.
Од искуството што го имам а и според тоа што го читам на темава, изгледа ретко кој го смета ваквиот начин на запознавање за сериозен.
Инаку се наоѓаат девојки кои се желни за запознавање и ми успеало само 2 пати да договорам дејт но немав среќа. И двете не ми се допаднаа, иако бартем овие две беа коректни.
Користев сајтови за запознавање, Tinder, Badoo, Hi5... Мана е што најголем дел се фејк профили. Од оние ретки што имаат активни профили и што ќе прифатат комуникација 99% се несериозни, најчесто мажени и дошле тука да тепаат време.
Значи договарање дејт е како барање игла во пласт сено, а не пак ако сакате да постигнете нешто повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не знам баш како да ја крстам темава, но една денешна порака, да не речам книга, ме инспирираше да ја отворам.
Здогледувате некој на социјални мрежи, ви делува симпатично, го/ја додавате, и???
Сфаќам дека најголемиот дел од комуникацијата денес се одвива така и сосема ми е океј, но што правиме со оние непоправливи романтичари што веднаш се спремни да извадат прстен, оние што праќаат слики од половиот орган без никакви претходни муабети или индикации дека сакаш такво нешто од нив, оние преупорни и предосадни што не знаат за не?
Добро, секако сите најлесно може да се решат со блок, што е и убавината на интернет комуникацијата, но сепак, да се вратам на главното.
Темава може да биде и трагична и комична, зависи од тоа кој е на другата страна.

Денес добив некаква лоша проза во порака и потоа, без да вратам, типот си испланира цел дејт, па како ќе бил облечен, што да сме пиеле... што јас го гледам ко смешно (до степен и жално, ако се задлабочиме во психолошка анализа), но на други може да им е многу вознемирувачко. Претпоставил по таговите во кој град живеам, па да дојдел, па премина на анализа дека сум вредела да се мачи и не сум била лесна, па на хороскопскиот знак... за цело ова време му вратив вкупно пет збора дека комуникацијата е крипи, посебно ко за првпат. Тоа, секако, не го спречи. Го спречи старата, добра лага „Имам дечко“, по кое почна да ми соли епа зошто сум му дозволила (????) толку да пишува кога не сум имала никакви намери.
Језиво, во најмала рака.

И тоа ова воопшто не е изолиран случај, туку напротив, повеќе ко норма да станува.
Муабетот ми е, толку ли сме изгубиле осет за граници и културно запознавање? Сметаме ли дека интернетот ни дава доза непобедливост пошто другиот не ти може ништо зад екран? Од кога замарањето од само едната страна, кај некои се смета за флерт?

Тука има Stalker vibes кај тој типот, среќа што не бил од твој град...
Праф маш не прашуе дали жена и се сака, тој знае дека и се сака само жена ко жена крие. Коа жена му вели НЕ на праф маш, тој знае дека НЕ уствари значи ДА. :frantic

А на нет, она што порано луѓето не би се осмелиле да го прават ИРЛ денес со превезот на анонимноста го прават на велико ослободени од технологијата.
Неоригинални, досадни, сиви, манијакални створења си најдоа начин да си ја пробаат среќата.
Овој тренд ќе оди само нагоре со се поголемото присуство на луѓе онлајн, особено нови генерации кои не знаат за време пред соц.мрежи.

Некои женски особи им годи внимание и елементи на моќ пошто се осеќаат барани, па према тоа дека вредат многу со што толерираат секакви будали кои се надеваат на коитус. За жал таквите само ги охрабруваат манијаците да продолжат понатаму.
 
Последна промена:
  • Haha
Реакции: Electra