Океј, ова што е спомнато погоре треба сериозно да почне да се казнува пошто постојат толку луѓе со полабилен карактер, што не би издржале. И не е само „ако не им додржува, нека не ставаат ништо“, туку имаме личности со затворени профили кои некои од „другарите“ ги праќа по други за мајтап, па така се шират сликите и тоа сосема не е во ред. Комплексите не се лечат преку тоа што друг ќе наречеш дебел, грд, глуп и не знам уште што.
Овие што јавно се бламираат за што поголема видливост се веќе друга приказна. Секој што ставил нешто на интернет е подложен на критика, сакана или не, но има граница меѓу критика и силеџиство до степен кога личности се доведувале во животна опасност поради нечии коментари.
За снегулките па, за кои силеџиство е ако некој поостро им се спротистави на мислењето, постои опција блок и нема многу потреба од драми.